Претседателска кандидатура [BucephalusIII]

Day 1,894, 07:00 Published in North Macedonia North Macedonia by BucephalusIII

Добро утро,ден и вечер!

Музичка подлога - задолжително!!

Сакани и убави мои Македонски патриоти/ки дојде и тоа време да жртвувам еден месец и како Претседател на еМакедонија.

Верувам има поголем дел од вас кои ме знаат како во играва така и во приватниот живот и колку време сум одвоил за оваа наша земја во пиксели - еМакедонија.

За оние кои не ме знаат, накратко ќе се претставам:
* 4 пати Претседател на Партијата MO-UP
* 2 пати Министер за Одбрана на еМакедонија
* 4 пати помошник Министер за Одбрана на еМакедонија
* 2 пати советник во Влада на еМакедонија
* еднаш Министер за Надворешни Работи на еМакедонија
* 3 месеци активен претставник на еМакедонија во сојузот CoT и асистент воен командант (аMC)
* еднаш Мистер CoT 😃

Програма и тим:

Претседател
BucephalusIII
Советници
Aminta Makedonecot
PacmaX (Kanopy)
bibermk

Економијата ќе ми биде како главна моја цел за наредните 28 дена - што значи штедење на златото кое го поседува НБРМ а причината е многу јасна поради самиот факт дека неговата вредност на монетарниот маркет е премногу опадната.
Валутата и нејзиното штедење ќе зависи само од воените активности кои во моментов се премногу зачестени уште од самиот почеток на нашиот дуел со јужниот тросед, но немојте да заборавите дека е сето тоа залудно бидејќи главната цел ја постигнавме со самото нивно искоренување од Саудиска Арабија. Не за џабе ова го велам оти на самиот старт од оваа кампања вев МоД во мандатот на Crash and Burn. Па затоа сакани мои поради таа цел ќе се заложиме за побрзо и најефикасно решение за завршување односно примирје на истата.

Mинистер за Економија
SaveAss

Mинистер за Одбрана
Crash and Burn
Помошници
ApocalipseMNA
MorpheusMK
Themacedon
3v3rything


Дипломатијата ќе биде најактивна во поглед на зајакнување на односите од нашиот Сојуз - кој мора да признаам и да ве информирам поради тоа што сум самиот сведок а тоа е дека комуникацијата помеѓу членките ни е на завидно ниво. Исто мора да напоменам дека ќе има големи пресврти наредниот период кој ќе биде од големо "изненадување" за сите вас.

Министер за Надворешни Работи
BlackMK
Помошници
Aliss Wonder
AdMiRaL TrEnCh
Chucky001
Angeldim
Palavec
SKOPJE 5

Црна листа на Македонски играчи.
Ова е една од најстарите теми но и желба на многумина постари играчи - "академијата".
Во тој поглед ќе ја имам таа чест да бидам можеби првиот Претседател а се надевам и нема да бидам последниот што ќе ја користи во еден вид документ кој ќе биде достапен до сите Македонци но и сите Сојузници.

Услови за влегување на листата:
* истурање на голема штета во небитна битка или ако во истата зидот е над 60% голем.
* продавање на штета на непријателска држава
* измама со пари,злато,тенкови и др. на Македонски и Сојузнички играчи

Мерки:
* трајна или привремена забрана на Македонски канали за поделба на тенкови и сл.
* известување на Сојузничките оператори за поделба на нивните канали
* доколку нема Македонско државјанство ќе се трудам истото да не се добие
* преку Министерството за Информирање ќе се известуваат сите играчи за отстранување од пријатели на истите кои ќе бидат на таа листа

Здравството ќе си работи во исти ритам односно како што беше до сега со активна поделба на помалите играчи со цел да побргу напреднат.

Mинистри за Здравство
Wendy Power
Miss Tinker Bell
LazarosaMKD
NlKoLa MaCeDoN

Алијансата CoT.
Овој месец на моето место ќе дојде до замена доколку бидам изберен за Претседател на еМакедонија за да подобро се посветам на моите обврски.

CoT претставник
Princess Emily

Информации - ова министерство ќе се потрудам да биде максимално искористено со цел да другите играчи ја согледаат ситуацијата на еМакедонија но делумно, делумно заради тоа што нормално е и да не излегува све во јавност (во секоја влада има државна тајна нели 🙂 )

Министер за информации
The Macedonian warior

Пропаганда.
Во овај дел го имам вистинскиот човек кој ќе се погрижи заедно со неговите и мои пријателчиња познати под името Коштаплери кои се надевам безрезервно ќе му парираат на мојот мил smee again кој од неодамна има кошмари поради мене 🙂

Mинистер за Пропаганда
Krvnikot + KostaplerS

Секретарка:
Јелена Розга


Тоа би било се од мене во најкратки црти верувајте 🙂

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА И ОБЕДИНЕТА!

о>