Резултати од изборите + поделба по 40 q7 тенкови (МнМ)

Day 3,507, 01:23 Published in North Macedonia North Macedonia by ikonomista

Поздрав Македонци и Македонки,
поздрав Македонијо!

Како што сите знаеме на 25ти овој месец се одржаа конгресните избори,се одбираа конгресмени кои ќе го сочинуваат конгресот во месец Јули во нашата мила Македонија.Партијата Македонија на Македонците која беше основана на 22 Јули на полноќ,со многу напор успеа да се искачи на петтото место и да учествува на изборите.

Освоивме 60 од можни 296 гласа, што е 20.27% вкупно од гласовите или 8 конгресни места.Го освоивме второто место по бројот на гласови,за партија која постои три дена ова е резултат од соништата,наредниот месец победуваме!




Давам АПЕЛ до сите Македонци кои имаат вишок на голд,поделете го на оние на кои им е најпотребен,дадете им воља за игра бидејќи на вас секако за ништо не ви служи.На нив ќе им се најде и тоа како,да дигнат теретана,да купат тенкови за да испукаат,за храна итн итн. НЕ БИДЕТЕ СЕБИЧНИ бидејќи себичноста не остави со 300 активни Македонски играчи,помагајте си помеѓу себе !!!

Приклучете ни се во Македонија на Македонците , да се обединиме сите на едно место,да си помагаме едни со други. ОБЕДИНЕТИ СМЕ ПОЈАКИ!




Раководството на партијата коешто го формиравме на денот на изборите одлучи партијата да направи поделба на q7 тенкови за да им се помогне на оние кои немаат,за они да можат да помогнат кога ќе биде најпотребно на Македонија!

Поделбата ќе се врши во две групи и тоа:

1.Членовите на Македонија на Македонците на кои им се потребни тенкови нека искоментираат и ќе добијат по 40 q7 тенка.

2.Секој играч што има македонско државјанство и искоментира дека му се потребни тенкови ќе добие по 20 q7 тенка.

* Споделете ја оваа статија,да ја видат што повеќе Македонци


ДА СИ ПОМАГАМЕ ЕДНИ СО ДРУГИ,ЗАЕДНО СМЕ ПОЈАКИ!


Секој кој сака може да стане член на нашата партија,Македонија на Македонците - https://www.erepublik.com/mk/party/makedonija-na-makedoncite-5360/1


п.с Секој активен играч кој има пред се многу слободно време и одлично познавање на играта и сака да се кандидира за претседател на Македонија нека ми пише порака со негова кандидатура,раководството ќе разгледа и ќе одлучи дали ќе го подржи или не


Претседател на Македонија на Македонците,
ikonomista