Вести во 23 и 15

Day 2,781, 14:18 Published in North Macedonia North Macedonia by red cross1
Вести на а1, добро вечер !

Неофицијална информација пристигна утринава, дека пред болницата за душевни болести забележано е лице со црно црвена маичка како се тркала по земја чиниш рулет од казино вртит... По брзата интервенција на лекарите, лицето е преместено во специјалниот дел за трауматологија, по што по обавен разговор со психолог, невролог и уролог добиени се значајни информации за кризите што надвадеале со неговиот разум, кој според снимките од ренгенот бил со големина на кикиритка. Првично се работи за политиколоза, ретка дијагноза, но честа за таквите што љубоморат на успехот од другите. Приказната започнала со една ајкула....
Непознатото лице, непоседувало никаков документ за идентификација, и себе си се нарекувал КОМИТА. Е баш тој комита, се обложил со непознат рибар од Охрид кој ќе го наречеме ФАНТОМ, дека ФАНТОМОТ ВО РОК ОД 30 дена , ќе улови АЈКУЛА во Охридско езеро... МИШОН ИМПАСИБОЛ!
После првите реченици искажани од испитаникот, лекарите го спречиле за да не се фрли од прозорот зш биле на приземје и последиците нема да е намалат болката што тој ја чуствувал во моментот... по испиена чаша вода и 3 капки лимон комитата е продолжува приказната... дека фантомот, ги заклучил апартманите, иако лани реновирани се со цел ... рибарскиот инстинкт му кажува "на дождот излегуваат ајкулите да пијат вода" ... По цела недела неуспешни обиди, фантомот дознава дека ајкула се фаќа на јадица, ама не со црв туку со смрден чорап од лице што 2 недели талка во едни исти патики/кондури ... затоа што после 10 дена ферментација на смрдејата во кондурот, бактериите излегуваат од конторла и прават диско, метал журка и шутка! Долго време размислувајќи кој може да има таков чорап, фантомот се сетил !
КОМИТАТА БРЕ ! тој талка по шумите од митроен до претровден... и обратно! Стапува во контакт со курирот на штабот, и подмитувајќи го со ДРЖАВНИ ПАРИ, и државна хебла (зш хебла ? па ти да соблечиш патика 2 недели носена со рака... зарастена е ко грав олоку пченка!)
Толку се дознало првиот ден, бидејќи на испитаникот му се покачил притисокот, и со него надвладеала психозата про што се нафрлил на докторите и започнал да ги удира со ташничката... по кратко време погоден е втил со празно шише за инфузија (пластично) од страна на болничарот кој бил на поминување тука, и соборен е на земја!
Одкако е врзан за кревет со рибарска жила, и под дејство на седативи продолжива да раскажува како бајче...
во прво лице...
-Утрото забележав дека ми ги нема чорапите, не знаев на кого му дојде да краде чорапи со вредност од 20 денари бидејќи кај нас се 5 пара за 100 денари... ама баш другиот ден дознав дека е уловена ајкула во Охридско езеро токму на чорап! Е тогаш знаев дека е тој... ме прелага ! Нечесник... ова не е победа... ова е само почеток на битката ! Со денови и јас пробвев да фатам ајкула низ езерото, ама немав таков чорап... по 3 дена ми стигна писмо во кое фантомот ми го врати другиот чорап и јас пресреќен си фатив мала ајкула ама скоро колку онаа од фантомот и си ја ставив во аквариум ! Секој ден и збовував за политика, а таа внимателно ме слушаше и мавташе со опавчето од задоволство... И таман вчера и кажував непрекинато 4 сати за политичката криза во МКД, а таа скокна и ме касна за задното дебело месо...
Потврда за тоа ни стигна и од ветринарската служба за морски риби во езерото, дека на ајкулата значително и бил потечен мозокот и затоа изврчуваша нагли вртења во аквариумот чиниш на кружни токој вртит до бесконечност...
Оваа прилика е користам уште да ви се заблагодарам за вниманието, и да ги соопштам последните зборови на комитата :
Медалот е од државни пари, државна пот го закити неговиот профил...
За состојбата во иднина и терапијата, ќе бидите известени во некоја следна прилика! Сега засега е ВОН животна опасност, и ќе биде задржан на болничко лекување!