Кој последен се смее ... слабо сфаќа 2

Day 1,782, 04:45 Published in North Macedonia North Macedonia by ajvaRmen

Перверзија

Малиот Трпе ја прашал учителката дали може да разговара со неа од кога ќе заврши часот. Откако завршил часот учителката го прашала...

Учителката: Што е Трпе?
Трпе: Многу сум паметен да останам во овој клас. Сакам директно во гимназија.
За ова бил извесетен и директорот кој му рекол на малиот Трпе да полага тест.
На крајот откако завршил со тестот учителката сакала да му постави неколку прашања. Директорот се согласил.
Учителката: Добро, Трпенце. Кравата има 4, а јас 2. Што е тоа?
Трпе: Нозе, госпоѓо.
Учителката: Точно. Каде имаат жените највиткани влакна?
Директорот се спрема да интервенира кога Трпе вели: Во Африка.
Учителката: Што е тоа меко, а на рацете на жените станува тврдо?
Директорот ококорил очи, но Трпе рекол: Лак за нокти.
Учителката: Што имаме ние жените и мажите на средина на нозете?
Трпе: Колена!
Учителката: А што има мажената жена пошироко од немажената?
Директорот не им верува на ушите!
Трпе: Кревет!
Учителката: Кој е највлажниот дел од моето тело?
Трпе: Јазикот!
Учителката: Кој збор почнува со "п", може да биде суво и влажно и мажите сакаат да го гледаат?
Трпе: Пат!
Директорот, без здив, целиот препотен, го прекинува тестот и вика: Не те праќам во гимназија, туку право на факултет!
Дури и јас би одговорил погрешно на прашањава...

Наравоучение: Човекот со годините станува се поперверзен!

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

Студентски маки

Студентка на правен факултет во Скопје им пиши писмо на своите родители, кои живееле некаде во внатрешноста на Македонија.
Писмото им стигнало,го отвораат пликот и почнуваат да го читаат:

Драги мамо и тато: Со каење и жал ви го пишувам писмово. Морав да побегнам со мојот нов дечко, затоа што сакав да ги избегнам непријатностите со вас. До уши сме вљубени со Арбен и тој е многу фин, без оглед на неговите пирсови, тетоважи, брада и моторџиска гардероба. И не само што сме вљубени, Мамо, бремена сум и Арбен ми рече дека ќе бидеме многу среќни.
Тој има сопствена барака на село и имаме дрва за огрев за цела зима. Арбен сака да има уште многу деца со мене, а тоа е и моја желба. Тој ме научи дека марихуаната не штети никому, па ќе ја одгледуваме за сопствена употреба, а вишокот ќе го трампаме со неговите пријатели за кокаин и екстази.
Во меѓувреме ќе се молиме научниците да откријат лек за сида, за Арбен да може да оздрави; тој тоа секако го заслужува!! Не грижте се, имам 19 години и знам како да се грижам за себе. Сигурна сум дека еден ден ќе ви дојдеме на посета и ќе ги запознаете вашите внуци. И на крајот да ви кажам дека во претходната сесија не положив ниту еден испит.

Ќерка ви

ПС: Мамо и тато, ништо од погоре напишаново не е точно.Само сакав да ви покажам дека има поважни работи во животот од факултетот

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

Мафија

Таткото: "Ти најдов девојка за која мислам дека треба да се ожениш".
Синот: "Ќе се оженам за таа во која јас ќе се заљубам, а не ти мене да ми наоѓаш"...

Таткото: "Но, девојката е ќерка на Бил Гејтс".
Синот: "Во тој случај...ок".

Таткото оди кај Бил Гејтс

Таткото: "Имам дете за твојата ќерка".
Бил: "Но мојата ќерка е сеуште мала за да се омажи".
Таткото: "Детето е заменик директор на Светска Банка".
Бил: "Ммм, во тој случај...ок".

Таткото оди кај претседателот на Светска Банка

Таткото: "Имам едно дете да ти го препорачам за заменик претседател".
Претседател: "Во моментот не ми треба".
Таткото: "Детето е зет на Бил Гејтс".
Претседател: "Во тој случај...ок".


🙂🙂🙂🙂🙂🙂🙂🙂🙂🙂🙂🙂🙂



Кој последен се смее ... слабо сфаќа 2
http://www.erepublik.com/en/article/-21-2133540/1/20