Неделен рапорт [ 21.12 - 28.12.2014 ]

Day 2,595, 07:28 Published in North Macedonia Greece by Alexander First of Macedonia



издание бр.7
Неделен рапорт, издание бр.2




Уште една бурна недела во еСветот е зад нас, очекувано или неочекувано Македонија може успешно да ја запише како недела во која го доби својот прв конгрес по некое време. Но што беше тоа што ја одбележи изминатава недела? Иструпувањето на Карибите, Бугарската држава или? Тимот на еМакедонска Газета ја состави својата листа со настаните кои ја одбележаа неделата.




7. Инвазијата на Карибите

Во координиран напад, Латвија и Мексико ја окупираа „портата на Мексичкиот залив“. Иако брзо и без доволен отпор Куба беше избришана, настанот ја означи Латвиската експанзија на останатите континенти, иако сеуште ги немаат осигурано оригиналните а камоли соседните окупирани територии.

6. Светот бираше за 50 пратеници!

Како што гласаше и Македонија така повеќето држави кои осигураа барем една провинција гласаа за 50 пратеници од 5 партии. Во Македонија победа издвојува екстремно десничарската ТМОРО-ВЕП додека кај нашите окупатори не беше чудно Терористичката партија да се најде на 2то место!

5. Бугарија доби своја држава!

Во договор на Софија и Белград, Букурешт беше десеткуван од нивните пријатели па неуспешно се обидува да ја окупира Бугарија. Бугарите ги ослободија сите нивни територии и не гледаат голема закана во северните обиди за инвазија.

4. Распадот на Аурора

За нас важен момент се изигра со распадот на Аурора кога Чиле и Мексико го напуштија овој сојуз кој беше симбол за единството на нашите држави. Секако, верижно Македонија во моментов гласа за излегување од алијансата по стапките на Венецуела, Парагвај, Чиле, Мексико.

3. Астериската инвазија на Полска

Во координирани и интензивни напади, со неколку договори Полска по втор пат беше окупирана за само 2 недели од страна на Астерија и про-Астериската Унгарија. Србија и отстапи регион на Унгарија за да може да ја нападне и Германија додека Аргентина и Србија ја окупираа Полска.

2. Астериско - Полскиот НАП

Кога сватија дека веќе неможат и дека е обострано исцрпувачки Астерија и Полска потпишаа договор во 7 точки од кои најважната е дека Полска нема да може да напаѓа до новиот претседателски кабинет, ќе и бидат вратени оригиналните територии а марионетските држави ќе бидат во Астериската зона на влијание.

1.И на прво место, Македонија!

Па ајде да ја ставиме Македонија на прво место, па да признаеме дека оваа недела беше една од клучните за нас и изигравме неколку клучни моменти.. Најпрвин, си добивме конгрес. Потоа ја нападнавме Канада, ја напуштаме алијансата...Стигнавме до некаков контакт со грчиштана благодарение на МНР. Паа, среќна нова и уште поуспешна година!



Тоа беше изборот на еМГ

Од Шарлотаун, Канада
IRAKLIY, unity.one & Александар Први