[МЗИ] Прво обраќање за месец Мај 2013

Day 1,995, 18:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Драги играчи од еМакедонија, Хобаналени, Коштаплери и Хаоси, вие го читате првото Обраќање на Министерството за Информирање и Образование (МЗИ) за месец Мај 2013.



МЗИ најпрво сака да го искористи првото Обраќање за да му ја честита победата на Димзааа во 56-иот избор за Претседател на еМакедонија и посака успешен мандат во месецот кој следува. Неговото прво обраќање прочитајте го овде. Причината поради која касниме со првото информирање е неактивноста на претходниот Претседател (и неговиот тим) заради кои, префрлувањето на Министертвата и организациите одеше бавно.

Вкупно гласови на Претседателските избори за месец Мај: 1198
Вкупно гласови на Претседателските избори за месец Април: 1169 (секси број за секси CP)





Во месецот што ни претстои се очекува веќе конечно да се знае кој ќе биде тим „А“ а кој тим „Б“. Имено, алијансата ЕДЕН сега и официјално се распадна па нејзините земји членки или ќе се придружат во некоја од веќе постоечките алијанси (CoT или TWO) или ќе се формира нова – трета алијанса. Судејќи по коментарите, најверојатно ќе се формира нова.

Во светските новини актуелна е темата на заострувањето на одностите помеѓу CoT и TWO. Тема на расправија помеѓу двете алијанси е членството на еСАД во CoT. Иако еСАД беше 3 месеци пробна членка на CoT, (за разлика од останатите пробни земји членки – 1 месец) сепак реакциите од TWO беа прилично јасни ако се земе во предвид дека еСАД е еден од големите непријатели на еСрбија. Сето тоа резултираше со потпишување на MPP помеѓу еСрбија и еРоманија која претходно ја напушти EDEN алијансата. Во меѓувреме романската паравоена единица FAR славејќи ја нивната пет годишнина организираа пукање против еПолска (TWO членка) во регионот Saxony (еПолскиот мост кон ресурси) и успешно го ослободија. Нешто за што еПолските играчи ги обвинуваа еМакедонија и еБугарија. Сето тоа зачинето со пар добри тролови и овие два сојуза само чекаа кој прв ќе нападне и војната можеше да започне.

Но се чини дека новата влада на еСрбија е поразумна од претходната (како и нашата) па воља за решавање на настанатиот проблем има и од двете страни и сега за сега работите се движат во нагорна линија. Ниту еСрбија сака војна со еМакедонија и обратно. Моментално ситуацијата е следна: еСрбија за да не би го продолжила MPP-то со еРоманија за возврат бара еСАД да го раскине своето MPP со еАлбанија. Дали еСАД ќе се покаже како земја достојна за членка на CoT и ќе работи во интерес на сојузот со тоа што ќе го отфрли МПП-то со еАлбанија, времето ќе покаже.



Инаку денеска исто така ќе има и собир на Претседателите на членките од CoT каде што дополнително ќе се разговара за настаната ситуација, како и за референдумот кој што моментално трае во еЛитванија каде играчите гласаат дали земјата да го напушти CoT или не.



Поважни линкови за помладите играчи:

#eMKD
- официјална chat соба на еМакедонија

Народна Банка на Македонија - и Претседателскиот весник

Министерство за Одбрана - и нивниот весник

Министерство за Надворешни Работи - и нивниот весник

Министерство за Економија - и нивниот весник




За шаут:

[МЗИ] Прво обраќање за месец Мај 2013
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2257643/1/20