Кандидат за Конгрес 2

Day 1,160, 10:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Palavko

Знам дека нее време но морам да напишам затоа што Конгресменот не е само за медалот.Тоа е и одговорност за која мора да посветите време , но за мене пред се е чест.

Како што сите знаете од мојата прва кандидатура : Кандидат за Конгрес ,ги имам објаснето моите почетоци и како се развивав и учев со тек на време, но тоа е веќе прочитано....

Како што наближува крајот на мојот мандат би сакал да дадам отчет за овој месец додека бев на оваја функција и за која мислам дека добро ја извршував.Работев исклучиво со консултација на постарите и поискусните играчи и мнозинството на конгресмените без разлика од која политичка партија се.Сепак се работа за МАКЕДОНИЈА!!! Направивме неколку измени во таксите за суровите материјали и производите, државјанствата ги прифаќавме само со консултација на мнозинството така да нема киксови.Но најбитно од се ние бевме таа гарнитура која падна на товар за носенјето на одлука за војна против Бугарија.

Сепак тоа дали добро ја извршував мојата позиција ќе кажете вие!!! Сепак вие сте тие што го дадоја гласот за мене а со тоа и целосната доверба.Се надевам дека не ве разочарав во овој мандат.

Со оглед на направеното сакам да ви соопштам дека се кандидирам за ВТОР КОНГРЕСМЕНСКИ МАНДАТ преку партијата Makedonski Nacionalen Front во ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА.Се надевам дека ќе ја добијам вашата целосна подршка.

Не чекаат тешки денови.Приоритет ни е враќањето на ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА како и стабилизиранјето на цените и курсот на денарот.Заеднички со програмата на Makedonski Nacionalen Front ќе ја направиме МАКЕДОНИЈА подобро место за живеење а се надевам и ќе ги прошириме нашите граници 🙂

На МАКЕДОНИЈА ВО ОВА ВРЕМЕ И ТРЕБААТ ИСКУСНИ, АКТИВНИ И КОНГРЕСМЕНИ ОД ДОВЕРБА.

ГЛАСАЈТЕ PALAVKO во Западна Македонија.