ПОДЕЛБА НА ЗЛАТНИЦИ ОД БАТЕ ВАНЕ

Day 5,413, 06:01 Published in North Macedonia North Macedonia by Ivan Vancho Makedonski

Драги мои пријателчиња,

со некои од вас се знаеме уште многу одамна, уште пред да постои еМакедонија, со некои се знаеме лично, а со некои само виртуелно преку социјалните мрежи. Оваа игра која сега е мрење и само од време на време се уклучувам да истренирам и да изработам, едно време ми одземаше и по 10 часа во текот на еден ден. И ми донесе многу позитивни моменти и пријателства кои до ден денес се одржуваат во помала или поголема мера.

Нејсе да не го тупам многу, слегов утрово во подрумот и кога да видам теглите со мед стојат на рафт, греота да ги гледаш така полни а нема кој да ги јаде, па решив да пуштам душа (иначе егеец сум - ама немој да ме пријавите во комора на егејците да не ме избркаат).

За секој кој ќе коментира, а е од нашите 😛 ќе добие донација од едно мало тегличе (10 златници) колку што плато дозволува 🙂

Не се срамете има за сите 😛



Поздрав до сите знајни и незнајни еМакедонци о7
Специјален поздрав до моите АрАмии. После нас потоп!!!
Сите ве сака Бате Ване од Автокоманда 😘

МнМ!
Никогаш северна, САМО МАКЕДОНИЈА!