КСАНТИКА

Day 3,408, 09:43 Published in North Macedonia North Macedonia by Mr Santino.

Позајмен текст
1. Википедија
Ксантика (од старомакедонски: ксант?·и - март) — старомакедонско празнување кое почнало да се слави пред 3000 години.[1] Ова е празник на пролетта, љубовта и природата. Празнувањето се одвивало на улиците и во театрите[2] низ програма од ора[3], музика и обреди. За празнувањето пишувале повеќе антички писатели како биографот на Александар III Македонски — Квинтиј Куртиј Руф, Хесихиј, Јустин и Диодор. На празникот исто така се организирале разни манифестации, културни приредби, спортски натпревари и воени дефилеа. Според старомакедонскиот календар, почетокот на годината се совпаѓал со есенската рамнодневица и прв месец бил Диј (октомври). Оттаму пак, првиот пролетен месец Ксандик (март) бил празнуван како благослов за животот кога разбудената пролетна светлина ја победува зимската темнина.

Празникот според македонскиот професор Ташко Белчев бил во чест на митот на несреќната љубов помеѓу македонскиот бог Македон и Ксантија (божица на цвеќињата),[4] од кој се зачувани записи од VI век п.н.е Според стари преданија, богот Македон кој бил син на семоќниот бог на Диа, се вљубил до последен здив во божицата на цвеќињата - Ксантија. Но од како злите сили на некои од боговите на Пантеонот ја замениле Ксантија во цвеќе, кутриот бог Македон, секоја пролет ја барал својата прва и незаборавна љубов низ сите ливади и полиња, кај сите бистри потоци и реки, во сите цветни градини.

Ксантика е празник во кој Античките Македонци верувале дека се случува „измивање на душите“, простување на гревовите, доминација на разбудената пролетна светлина врз зимската темнина, што ги притиска нивните души. Симбол на празникот беше црвено-белата врвка исплетена од бел и црвен конец. Од тука, нешто што е и до денес зачувано и кај нас, тоа е онаа мартинка, онаа просто волшебна црвено-бела плетенка која тогаш се провлекувала како нишка за спојување на тие луѓе за време на празникот. Белата боја во таа плетенка најверојатно потекнува како симбол на белиот делфин кој се сметал за божји дар и кој живеел само во Егејско Море, па и оттука и називот „Беломорска Македонија“. Празникот на пролетта Ксантика е многу битен за сфаќањето на светогледот на Античките Македонци, за нивното обединување и формирањето на нивната држава од страна на аргеадските кралеви.

Ксантика, Македонците ја преземале како епоним од името на божицата на цвеќињата, љубовта и убавината Ксантија, која според митолошките податоци постоела во земјата на богот Македон. Многу ја обожавале божицата Ксантија и во нејзина чест, тие пролетниот празник го нарекле Ксантика, а првиот месец Ксантик, кој на повеќе места се спомнува во Библијата. Се празнувала спонтано цел месец.

Ксантика остана незаборавена до денешно време. Ја гледаме во празнувањето на Прочка, Цветници, Младенци, Лазарица, Тодорица, Летник и Благовец. Ја гледаме во народните ракотворби, во изворноста на македонскиот вез, во монументалноста на нашите песни и ора, во звуците на народните инструменти. Ја гледаме во сјајот на пролетните цвеќиња.

И во денешно време се организираат разни манифестации во градот Битола со кои се празнува овај антички празник на Македонците.
Празнувањето на Ксантика се одвивало цел месец. Ксантика се славела спонтано со невиден ентузијазам како празник на пролетта, цвеќината, убавината и надежите, а првенствено како празник на душите што ја симболизира доминацијата на разбудената пролетна светлина над темнината и злото во природата и човекот. Ксантика е празник во којшто Македонците верувале дека се случува “измивање на душите” и простување на гревовите.


2. Лоза
Тешко може да се најдат соодветни зборови со коишто би се објаснил феноменот “Ксантика”.Ксантика се празнувала како празник на пролетта во земјата на богот Македон , со зачудувачки душевен порив, излив на силни емоции и вознес кон боговите и вечното сонце – симболот на животот. Самиот збор “Ксантика”претставува светлина, виделина и според македонските митски преданија, тој е епоним од името на божицата на цвеќињата Ксантија, во која бил заљубен богот Македон и која поради завист на некои од боговите на Пантеонот била претворена во цвеќе. Ксантика била длабоко впиена во душата на Македонците.

Празнувањето на Ксантика се одвивало во првиот пролетен месец наречен Ксантик. Во него спонтано учествувало целокупното население. За време на празнувањето не постоела разлика меѓу земјоделец, сточар, ловџија или дрводелец. Ксантика се славела спонтано со невиден ентузијазам како празник на пролетта, цвеќињата, убавината и надежите, а првенствено како празник на душите што ја симболизира доминацијата на разбудената пролетна светлина над темнината и злото во природата и човекот. Симболот на Ксантика била црвено-белата врвка исплетена од црвено и бело предиво, која тогаш се провлекувала како нишка за спојување на тие луѓе во една монолитна и нераскинлива целина. Целата земја на богот Македон била преплавена со црвено – белите симболи што преставувале вистинска симфонија на хармонија и соживот. Со црвено – белите симболи се кителе куќите, оградите,се носеле како ѓердани, белегзии, се украсувале со нив косите, се ставале на оралата, крблата за молзење млеко, го украсувале добитокот, а посебно новородените јагниња. Жените и мажите, младите и старите за време на празнувањето ја истакнувале облеката што била исткаена и исплетена во зимскиот период, збогатена со изворна инспирација, хармонија и раскошна разнобојност, што била израз на творечката надареност. Вистинска убавина претставувале нивните развиорени ора и мелодични песни. Со застрашувачка моќ ечеле волшебните звуци на тапаните, грнетите, буриите, зурлите и кавалите низ сите населени места, низ сите долини и гори.

Според анализите на современите аналитичари како Хамод и Борза Ксантика одиграла клучна улога во формирањето на светогледот на Македонците. Ксантика се спомнува како непресушен извор на духовната моќ на Македонците. Таа била синоним на нивниот идентитет и нивната етничка припадност. Ксантика останала неуништлива до денешно време, зашто е всадена во нашата културна традиција. Таа секоја пролет е со нас. Ја гледаме во празнувањата на Прочка, Цветници, Младенци, Лазарица, Тодорица, Благовец, Летник, во народните ракотворби, во изворноста на македонскиот вез, во монументалноста на нашите песни и ора, ја гледаме во сјајот на пролетните цвеќиња. Ксантика е нераскинлив дел од македонската душа. Таа остана како најсветло обележје на старомакедонските народни обичаи.

Да се надеваме дека ќе ја вратиме Ксантика во нашите срца и ќе ја обновиме распарчената црвено-бела врвка која и сега како и некогаш ќе ги спојува душите на Македонците, без разлика каде живеат и ќе ја вратиме разнишената верба за вечноста на нашето постоење.

Паскал Камбуровски
/ Од празнувањето на Ксантика /