Кандидатура за претседател на еМакедонија

Day 3,178, 05:59 Published in North Macedonia North Macedonia by ikonomista
Драги еМакедонци и еМакедонки,

Како што можете да забележете по насловот,се кандидирам за функцијата претседател на еМакедонија за месец Август.Во РЖ имам 20 години и сум студент на економскиот факултет во Скопје.Играва почнав да ја играм уште од далечната 2010 година.Првите две години бев доста активен,потоа следуваше пауза,пак активност,пак пауза,па еве сега повторно активен веќе еден месец 🙂


НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА

Најважното поле на секоја земја е нејзината надворешна полититика односно дипломатијата.
Како што знаете моментално не членуваме во ниеден сојуз.Дали ќе се приклучиме на некој постоечки сојуз или ќе станеме член на некој нов сојуз тоа никој не може да го предвиди,се зависи до тоа како ќе се одвива ситуацијата во иднина.Како и до сега,така и во иднина ќе бидеме заедно во се со еБугарија.Да не ги заборавиме и Шпанците,Британците и Чилеанците кои секогаш ни помагаат кога ни е потребно.

Минатите денови тоа што го зборев,а неколку луѓе ме направија и луд ,полека почнува да се остварува.Вистински момент е да се зближиме со еРоманија и еСрбија,да се почнат преговори за потпишувања на МППа со нив.И сами забележавте колку пукаа за нас во последната авионска битка што ја добивме во Индија,потрошија големи средства само да им го начукаат на јужниве соседи 🙂

Во Врска со еЧиле,нашето пријателство и понатаму ќе си продолжи.Зошто ние да не потпишеме МПП со еРоманија (доколку се договориме) кога тие потпишаа со еХрватска.МППто со еСрбија е потпишано така да нема тука што да се дискутира.Доколку тие ни помагаат на нас,ќе помагаме и ние на нив и МППто ќе биде продолжено.
Нашето пријателство со еЧиле не зависи од овие МППа,туку се разбира ние да не потпишеме МПП со еПеру и тие со еГрција,нашиот и нивниот непријател.


ВОЕН ПЛАН

Приоритет ќе биде задржување на регионите во Индија.Голема желба ќе ми биде бришење на еГрција од мапата,а такво сценарио сега е возможно бидејќи нашите соседи останаа без нивните најјаки сојузници кои сега баш и не се обожаваат.А знаете дека непријателот на нашиот непријател е наш пријател 🙂


ВОЈСКА

Сите дивизии ќе бидат пребројани т.е нашите играчи.Ќе биде направен формулар кои ќе треба да се пополни за да знаеме како стоиме моментално.Оние што ги имаат купено бустерите ќе имаат опција за да ги пишат,да видиме како стоиме и со нив.Буквално ќе биде се евидентирано,кој има Infantry,кој Maverick,кој Power…
Сакам да почнеме да се собираме по дивизии на чат кога ќе имаме војна,ќе има еден официјален чат за дружба и четири други на кои ќе бидат распоредени дивизиите за удар.Да видиме дали ќе функционира како порано 🙂

Секој ден ќе биде објавувана статија од министерството за одбрана со приоритетните битки каде да пукате.Ќе биде објавувано дали тој ден ќе напаѓаме ние или некој наш сојузик,кога тој напад ќе се случи.Ќе биде објавувано се што е потребно за да бидете добро информирани!


АВИЈАЦИЈА

Ќе се попишат сите играчи кои би пукале во авио-битките (и активни и 2клик).Ќе се додадат во групни пораки преку кои ќе бидат известувани кога ние би имале важни авио-битки (или некој наш сојузник) за да чуваат здравје и да можат да испукаат.Ова најмногу се однесува на оние коишто немаат многу сила,не се активни и нивната штета во авио-битката би допринела многу.Дента кога ќе нема важна авио-битка би се пукало у рандом битка (за сојузник се разбира) за кревање на ранк а со тоа и јачање на ударот.


ВЛАДИН ТИМ

Тимот ќе биде составен од активни играчи кои ќе имаат време да и се посветат на играва,а со тоа и да си ги исполнуваат обврските кои ќе ги имаат.
Владиниот тим ќе биде составен од : Јас како претседател, splinter in your eye, Bojan Koloren, Muy Caliente, Alexander Macedon, Bojan Almighty...
Кој што поточно ќе раководи ќе биде објавено во статија ден после избори доколку победам.
Секој што е активен на играва и има желба да помогне на државата нека ми пише,ќе добие место во некој тим.

Сите предлози се добредојдени,добронамерните критики уште повеќе!


Да живее еМакедонија, а и Македонија 🙂

Со почит,
Sendvichot na Grujo