Маверик Пакет + Лицемерие (полетарец)

Day 3,166, 04:46 Published in North Macedonia Romania by poletarec

Почитувани читатели,

Би сакал да го споделам моето лично мислење со вас во врска со новите промени односно со фамозниот МП.
За да подобро ви го пренесам мојот личен став ќе одам ретроградно низ историјата на играва и ке пробам да поставам паралела помеѓу некои други случки и сегашнава драма околу најновите промени.

Внесување на Македонија на играва-Проблеми со грците околу името како да биде напишано, па админите наоѓаат НЗС и одлучуваат генерално да биде напишано Република Македонија со референцата во заграда, за македонците да биде само Република Македонија додека за грците да биде фиром. Па општо кој како сака нека ни се обраќа понатаму.Прифатено од сите и играме понатаму.

Собирот во Солун-Идиотскиот банер кој го поставија админите верувам сите знаете како влијаеше на македонската играчка заедница,почнаа статии од наша страна на влијателни играчи кои повикуваа на колективно одкажување од играва. Јас лично ги поддржував истите затоа што беше непотребна провокација а воедно и лош менаџерски потег за кој самите админи се извинија(со закаснување) а од тие што останавме на играва дефакто следеше прифаќање на извинувањето,играме понатака.

Воведување на КО и збирање данок- Одеднаш драстична промена која нас Бугарија , Ј.Кореја и уште некој друга земја не тресна од земја. Бевме окупирани,се носи ново правило во играта кај што окупаторот му го ЖДЕРЕ данокот на окупираниот и ни помалку ни повеќе данокот стартува со 25%???Работевме само за грците! Па држ-не дај некако админите измислија и некаков си коефициент на детерминација кој со тек на времето поминато на окупираниот регион расне и иде во прилог на окупираната земја , па со помош на алијансата и пријателите го искористивме...Прифатено и играме понатака!

Маверик Пакет-Да не го објаснувам многу, веќе се напишани Х статии околу него и неговото влијание врз играта...НО тука подвлекувам паралела и ќе погледаме малку и од друг агол.
Несомнено е дека за нашите играчи од помалите дивизии е толку штетен овој нов пакет,но луѓе бидете реални малку и за спротивната страна кога станува збор за промени. Инфантри китот го профативте со славење,па ајде кој имал слаб Д4 профил си набавува најмалку 1 јак профил од помалите дивизии и удри мавај.Лесно збирање злато и цц,админите се флексибилни и не ве банираат, сето тоа во интерес да ве задржат како играчка заедница. Една статија или протестирањње не видов ниту од грчкиве виза играчи ниту од било кој друг од противниците, НАПРОТИВ повеќето од паковите ви ги купуваа тие истите против кого сега протестирате.
Епа деца,како што вие сакате да играте и да трипувате дека сте некои мудонхи така сакат и другите што фрлаат пари за да ви го овозможат тој трип.
Затоа другарски и без тролачина ве повикувам да се преиспитате уште еднаш дали вреди или не ова ваше бојкотирање.
По мое админите нема да ви ги услишат барањата,се што може да се случи е да станеме повторно најомразена земја на играва, и со право!
На сред војна кога се разгоруваат битки вие одлучувате во знак на протест кон админите ( кој знаете дека нема да има никаков позитивен исход)да им свртите грб на сојузниците па и на своите соиграчи, и тоа ни помалку ни повеќе туку под девиза"ќе си пукам за БХ и ќе си фармам". Сите други кој ги е6е?
Од мене толку. Прифатено и играм понатака!