[МНР Македонија] Извештај

Day 3,162, 07:51 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Здраво Македонијо,

Статијава најверојатно ќе биде малку подолга, имам многу за објаснување, затоа заземете позиција или откажете се додека не сте почнале 🙂
Лудница! Така би ја опишала играва моментално. Хаос! Не се знае кој пие кој плаќа 😃

Ќе започнам од Нексус. Идејата за создавање на алијанса беше наша - на македонскиот мофа тим. Гледавме како Чиле се повеќе и повеќе се одалечува од нас поради Хрватска. Сите знаеме за сонот на Хрватска да биде вечно на иста страна со Грција. Па близината на Чиле со Хрватска имаше доста големо влијание врз нив. Беше тоа одамна (отприлика пред 6-7 месеци) кога чиленаскиот мофа 2-3 месеци по ред ни доаѓаше “на порти” со прашање дали Македонија ќе се налути ако Чиле потпише МПП со Грција. Нормално дека реагиравме бурно. Им требаше време за да сфатат дека во истиот момент кога ќе потпишат МПП со нив ќе не изгубат нас затоа и престанаа да се обидуваат.
Ние решивме да реагираме. Шпанија беше со нас, Индонезија беше со нас, сите Плуто земји се согласија, Чиле се согласи и Бугарија се согласи. Напишавме статија, направивме вики страна, напишавме статут и админите ни дојдоа со одговор: “Да сме избрале водство на сојузот.” Токму тогаш Матрим и уште неколку играчи од Бугарија се побунија дека сме формирале КоТ2 и дека всушност ништо немало да се смени па затоа дигнаа револуција на џунка велејќи дека референдумот им е невалиден. Кога Чиле го видоа тој потег сфатија дека Бугарија не сака алијанса со нив и во рок од 3 дена влегоа во Адриатика.
Од тогаш навака Чиле се повеќе се одалечува од нас, а и мора да признаеме Бугарија им помогна во тоа. Бугарија потпиша МПП со Словенија, Иран, Перу и еве сега две најнови со Србија и Романија со што од глава до пети е проАстерија.

Тренинг војната со Перу за ресусрсите исто така ја заостри работата. Поради непознати за нас, причини, Чиле од нигде никаде реши да го нападне Перу додека ние и Бугарија бевме на сред тренинг војна. Перу бараше од нас да ги блокираме Чиле, Чиле бараа да им отстапиме место… Нормално дека помогнавме на Чиле, и покрај се ние сме едни од најстарите сојузници во играва и ние го цениме тоа. Точно тогаш ја изгубивме шансата за МПП со Перу. Се уште не ми е јасно зошто Перуанците очекуваа дека ќе ги ставиме нив пред Чиле. Немојте да се изненадите ако Хитман става КО или пука ко луд, сакал да ни врати здраво за готово. 😃



Уште откако се распадна Аурора, кажавме дека што и да се случи ќе останеме со Бугарија до крај. Точно поради тоа и решивме да пробаме да одиме по нивните стапки и да се вклучиме во потпишувањата на истите нови МППа. Со Перу се беше во ред се до циркузот со Чиле каде што фино лепо не тупнаа во средина на нивната љубовна расправија. И сега наместо ние да се лутиме што не наместија така јако, тие не обвинуваат дека ние сме виновни за тие случувања.

Иран! Три месеци по ред јас и Нено ги контактиравме и разговаравме за тогашните ситуации, за целите што ги имаат двете земји,за заедничките интереси, но секој месец бевме одбивани поради вето од Франција, па вето од Полска, па вето од САД. Ќе лажам ако речам дека не ми беше мило кога америте ги испокрадоа.

На почеток на мандатов ги контактирав и Франција и Литванија за обновување на минатите врски и пријателства. Франција не одби бидејќи конгресот така решил и ако сме сакале МПП со нив требало да не продолжиме минимум половина од моменталниве МППа. Со Литванија потпишавме меѓутоа нивниот претседател имаше многу забелешки дека наши играчи пукале за Латвија против нив. Лесно го оправдав тоа бидејќи реално никој од нас не знаеше дека тоа не е тренинг војна плус и немавме МПП, па и веројатно имало и солидно ЦО.



Не знам како може земјите да си земаат за право да не условуваат со кого да имаме МПП а со кого не. Земјите просто се плашеа да се зближат со нас поради САД и Грција. Но АСот месецов им покажа на сите каде им е местото и каде е нашето место во овој еСвет. Адриатика, Синдикат и Пацифика сега веќе отворено соработуваат, го гледаме тоа во битките. Синдикат ги пониживме, ги набуткавме два метра под земја, сами успеавме да уништиме една цела алијанса. Адриатика демек помага, меѓутоа се што прават во моментов е спасување на Хрватска од долгата рака на Србија. За таму и Чилеанците го спремаат нивниот авион. Поради тоа Пацифика (САД) мораше да реагира и да им помогне на другарчињата аргентинчиња.

Македонија, Бугарија и Шпанија заедно против два сојуза. По втор пат им одржавме лекција на непријателчињата, си го осветливме образот и што е најважно помогнавме на добар сојузник. Со Индонезија го обновивме ЛиГАП пред некој месец и тие исто така, се со нас до крај.

Се што се бара од вас сега е да ги следите наредбите на МоД и ЦП и да се борите како да ни е последен ден на ереп. Нека не ве обесхрабрува тоа што сега за сега, не сме дел од ниту еден сојуз. Си имаме ние наш сојуз со нашите браќа. Подобро врапче во рака, отколку гулаб на гранка.

Исто така да споменам дека на сите во Адриатика (со исклучок на Чиле) им е забрането да ги продолжуваат МППата со нас. Венецуела како послушен член веднаш го примени тоа.

Се јавуваме со новости многу наскоро о/



Со почит,
Furious Lady
МНР еМакедонија