Еве што се случува кога ќе падне дожд во најсувата пустина на Земјата
Bojche99
Пустината Атакама во Чиле е најсувата неполарна пустина во светот, но дури и оваа наизглед пуста и неродна земја може да роди живот во вистински услови.
Ако во пустината паднат обилни дождови за време на пролетта на јужната хемисфера (октомври, ноември), цвеќињата кои хибернираат под површината ненадејно се расцутуваат во експлозија на бои, желни да го искористат дождот.
Овогодинешното цутење било донесено од истите временски услови кои ги раширил ураганот Патриција, најмоќниот забележан ураган. „Интензитетот на цутењето оваа година е без преседан“, вели Даниел Диаз, директор на националната служба за туризам во Атакама, “и фактот дека се случи двапати во една годинa, што никогаш не било забележано во историјата на земјата.
Иако Диаз овој невообичаен феномен го припишува на климатската промена, локалните жители можат да бидат благодарни бидејќи настанот предизвика пораст на туризмот. Се очекуваат повеќе од 20.000 туристи да дојдат да ја видат расцутената пустина.
Извор: Мотика
Comments
Еве што се случува кога ќе падне дожд во најсувата пустина на Земјата
http://www.erepublik.com/mk/article/-1344-2561120/1/20
прв
o7
interesno
o7
o7
super statija o7 prodolzi
o7
ubo
o7
o7