„Куќа од мраз“: НАСА ја одбра најдобрата замисла за првиот дом на Марс

Day 2,876, 12:25 Published in North Macedonia North Macedonia by citizenacko

НАСА пред неколку дена ја објави веста за постоење вода на Марс, што од друга страна би значело дека луѓето веќе треба да се подготвуваат за мисии на Црвената планета. Пред неколку месеци НАСА распиша натпревар за изградба на домови на Марс.

Сега конечно е познат победникот, а тоа е екипата од SEArch and Clouds AO, која претстави проект од мраз. Всушност, нивниот дизајн е модерно иглу.

Натпреварувачите морале да покажат како куќата ќе функционира во вистинското опкружување на Марс, на која позиција ќе биде сместена и како ќе биде испринтана со 3D технологија.

Победничкиот дизајн е структура од која луѓето ќе можат лесно да влегуваат и излегуваат. Темелите на куќата се на вода и таа е главната градежна компонента.

Истражувачите би имале и двор, односно мембрана која кога би се надувала би создала меѓупростор, а астронаутите би шетале низ него со маски на лицето.

На второто место се најде наградата за тимот GAMMA.

Третата награда припадна на тимот LavaHive.