ПРЕВАРАНТ

Day 2,747, 06:15 Published in North Macedonia North Macedonia by ko3ar28

Се враќа Трпе од работа и гледа неговата влезна врата разбиена. Влегува внатре и што да види – двајца мажишта стојат среде дневната соба и се ѕверат во него.
Кога Трпе се свртел да бега, го фатиле и почнале да го тепаат, го тепале, го тепале, а тој одвај успеал да праша:
– Дечки бе, олеееле, абе зошто ме тепате?
– Како да не те тепаме бе идиоту, кретену, имбецилу?! – Телевизор Грундиг од пред 30 години, фрижидер Кончар исто од пред 30 години, шпорет на дрва од пред 50 години, пари немаш, злато немаш, ништо немаш – за кој к.р си ја ставил таа блиндирана врата, па уште и решетки?! Зошто ги лажеш луѓето бе преваранту ?!