ДРЖАВА

Day 2,612, 11:24 Published in North Macedonia Greece by Dimko Mijakot

Во тренд е да се има држава, не е битно како и успева должнмоста даму служи на народот. Нај ИН е исламска држава и тоа на територија на пола земјина топка.
КОј имаше таков сон не знам, и каде е тоа пишано, ако е пишано.
Имаме здружени држави во разни унии, европски, азиски и други гео положби.
Некој се сети па може да имаме држави и на пишанката, така помалку боли и еве сме тука. Што е поентата ако се има држава? имаме сите инстант среќа и благосостојба? не, тоа е привилегија на поединци кои ги манипулираат останатите, а тие останатите како се чуствуваат? како овци? како магариња? диригирани од поединци во името на повисоки национални интереси. Дали некој се сети, ако ги избришам националните држави, и на нивно место ставам марионетски државници и направам еден правен систем ист за сите, и сите ги командувам ќе направам идеално општество - држава една и тоа светска.
Идеја од соништата во нечија глава, арно ама за почеток на крајот од оваа идеја да видат што е тоа терор од страна на една религија со изопачен превод, да проплачат па ќе се направи и финалниот дел, кога сите држави ќе молат за светска држава и една управа, но да се разбереме зборот демократија ќе го избришеме, тоа не деведе до овој степен на анархија и уништување.
Сценарио кое е почнато уште многу оддамна, да не речам уште кога се заврши светската војна се направија и почетоците за денешното сценарио.
Границите се прекроија не секаде во Европа,само таму каде се имаше потреба од храна.
Причините се наведоа во неможноста на државите да го прехранат својот народ,и по таа девиза, на Грција им се даде солунско поле, на Југославија и се даде панонија и секаде по малку се скрои за “во иднина“ да нема повторно глад во државите да е се избалансирано.
Е оваа нова светска држава многу жители ќе има мора и таа бројка да се редуцира да се десеткува, па ќе се измислат разни генетски модификации тоа некако да го средат на долгорочен пат, па муџахедини и бомбаши да убиваат по слободна проценка и инспирацијиа.
Дали некој погледна во себе, и се праша:
Дали творецот на овој свет така сака ? дали сака да го доживее уништувањето на својата творба по оличлје свое?
Дали државата беше вистинскиот избор на човекот?