СРЕЌНА НОВА

Day 2,603, 12:57 Published in North Macedonia Greece by Dimko Mijakot

Не е таа нова од 48-ма од Столе Попов, мислам он беше режисер.
А овие стариве, како износени гаќи се отфрлаат од нас мислиш корнат и се пожолтени, арно ама нели имаме спомени, настани кои ни значеле, и секогаш по “дифолт“ да биде подобра од старата.НЕПРАВДА ГОЛЕМА, можеби врвот на кариерата ни беше во изминатата “старата“, ех овие желби се ќе избришат само да му се додворат на егото - сега ќе ја спотнеме и чуда ќе има во оваа Нова Година.
Заборавивме дека секој настан си имаше свој момент “своја минута“, не беше годината кога ни се случи тоа. мигот ја роди случката, убава или помалку убава. Но стално ги прескокнуваме миговите барајќи настани во годината, а безброј мигови поминаа покрај нас и не приметивме дека поминавме покрај прекрасен цвет, убав видиковец, мирис низ полето, веселото пеење на птиците, и ветерот нешто сакаше да ни каже, но ние го чекавме тоа големото шоу.
И така секоја нова година, и одмина полека животот, нема назад...

Која Нова Година беше значајна? Што ни даде или зема?
СЕКОЈ ЗДИВ што го вдишуваме е настан за себе, ни кажува дека уште имаме од преставата “ЖИВОТ“, е многу е битно да ја изиграме добро, без трема, во секој миг од новата година, на крајот аплаузот ќе биде награда за се за нашата реализација на овој свет како души напатени, барајќи го патот кон дома и да сме во друштво со Домаќинот, во спротивно ќе треба повторно и повторно да ја играме истата улога во друго време, место и тело.

Среќна Нова