[ДЕБАТА]Организации и нивна употреба

Day 2,591, 01:49 Published in North Macedonia USA by The One from Macedonia

Веќе подолго време се обидувам да ги откријам начините на кои работат организациите на другите држави. И очигледно е дека системите на користење им се различни.

Она во кое ние се разликуваме од сите е што голем дел од тие организации воопшто не ги користиме, а тие што ги користиме се само за издавање весници.

Мислам дека делот со ЦО значително ќе ни се подобри ако успееме да се договориме за експлоатирање на можностите кои овие видови на профили ги имаат.

Мое мислење за користењето на организациите е следно:

- Да се направи анализа и распределба на организации по Воени Единици. Со тоа што единицата ќе мора да исполни некои минимални организациски правила и да има барем една полна дивизија од играчи.

- Сопствениците на организацијата ќе се должни да доставуваат одредена сума на средства од собраните (на било кој начин) во касите на своите единици или бидејќи немаме многу искусни ЦО поставувачи би предложил да се донираат тие средства кај Фантомот наш насушен.

Ова е само мое мислење и моментално излагање ама се надевам дека после добра дебата во коментари на овој пост ќе можеме да се договориме и да најдеме решение кое ќе ни помогне да ја вратиме еМакедонија на старите добри територии.

Очекувам коментари и добра дебата!


За е-Македонија се работи!