ОПСТАНОК

Day 2,566, 14:04 Published in North Macedonia Greece by Dimko Mijakot

Во генот на секое живо суштество е опстанокот и продолжување на својот вид.
Истото важи и за човекот, но освен сопствениот живот кој сака да опстане како социјално битие увидел кога е во заедница тоа оди полесно и посигурно.
Некои животни ја сватиле оваа предност во однос на други животни и живеат и дејствуваат како заедница кој ја раководи лидер.
Од социјална гледна точка има еден феномен кој е асоцијален во однос на други заедници,ова заедница се негира самата себе,својата безбедност, своето поколение го растура насекаде, поточно лидерот “го заболе“ што се намалува заедницата и како таква е ранлива и за нејзе нема иднина.
Разни предоатори и душагрижници ќе ја “советуваат“ ќе ја финансираат, ќе ја соросираат,и по 10-20години резултатите ќе дојдат на видело.
А за несреќа си има во дворот комшии кој полека роварат и си ја реализираат замислата, па на крај на нкраиштата мора ли сите да сме на куп?
Се сеќавам на некои познаници и нивните изкази:
- Еским ќе се пишам само да јадам (живеам)
- Бугарин ќе се пишам, Грк ќе се пишам . . . и.т.н.
И на крај некој ќе има капитал некаде, за сите негови идни поколенија, земајќи од своите, да не речам крадејќи од устите на потомството на блиските по род.
И сето тоа е така зошто некој им даде доверба и власт да ја “пазат“ заедницата, но таа им беше одскочна штица, па немора да сме македонци, важно е да сме живи, е сега не мора сите да сме живи. и не мора попис да се прави па сите да разберат колку избегале. подобро е да пишам отишле ама за жал не ќе да е така.
ТОа со генетски модифицирана храна кај нас од многу одамна е направено, мутиран ни е генот и никој не сака заедница,никој не почитува лидер, и лидер не сака заедница, и комшија не сака комшија и крај нема.
Има ли чаре од ова генетска модификација?
Знам една но не е за кажување, зошто не е во прилог на заедницата.
Ајде ќе ја кажам
Некои ќе седнат на маса ќе поразговараат и ќе наредат!
- RECYCLE BIN !!!