Поздрав мили сограѓани

Day 2,552, 14:51 Published in North Macedonia Greece by Dimko Mijakot

Убаво би било како што е овде на е Република секој да има можност да има пишан збор и во секојдневниот живот да предложи, да критикува, да сподели информација, со цел да придонесе во една заедница каде што ќе се биде дел, и ќе се разменат разни ставови доктрини, па и глупост, и таа има дел од нашите животи, и добро и лошо.
тоа е “рецептата“ за напредок, ако не ставиме на маса се што ни лежи не ќе има никаква координација, усогласување и реализација на нашите идеи и мислења.
А која е целта на се?
Добра забава?
Потрошено слободно време?
Презентирање на војни вештини?
Секако има од се по малку, играчите со надолго искуство секако тоа го знаат подобро и од мене, но сакам да посочам дека во реалноста во која сме сега играчи, не е ни малку добра, ни економски ни политички, а за глобално и да не зборуваме, не сме свесни што ни носи утрешниот ден.
Би сакал да гледаме на играва како една симулација за опстанок на една нација во овие вртлози на настани во глобалната политика и економија.
Каде и да сте во светот и колку и да имате пари, нема да ве сакаат ни вас ни вашите благородни корени, ќе ги сакаат вашите пари, а ако се потрошат и ќе ги немате ... корењата пресушиле.