МАЛКУ ДА ПОШЛАПАМ КОГА ВЕКЕ СЕКОЈ МОЖЕ

Day 2,531, 01:03 Published in North Macedonia North Macedonia by BranislavMKD

Секој петок играме вудбал со колегите од работа. Рака на срце не сме некој топ играчи. Не дека сме мизерија ама само сум реален. Има една група од 5 души кои се константни и останатите се менуваат.
Вчера се поделивме премногу лошо. Мислев дека ке загубиме со 100 разлика.
Но за чудо не испадна така. Испадна сосема поинаку.
Сите трчавме и се залагавме за да не се посрамотиме, а во еден момент водевме и со 10 разлика. Од другата екипа почнаа да се караат, да не трчаат и да кажуваат како требало да се игра. Ама губеа.
Потоа се изморивме бидејки како што кажав не сме некој фудбалери. Онака за забава игравме. Да не претерувам ама од нашите јас највеке трчав. ха ха ха...
да не го тупам многу. Тоа исто треба да го направиме во играва. Видите од кога немам напишано статија. А оние кои ме знаат, а ги нема многу во играва, знаат дека секој ден играм и скоро секој ден ги исполнувам мисиите. Кога имам чоколатца и ако неможам да освојам медал удирам за македонија. Тоа не го правам за сојузниците бидејки истите се менливи.
Пред некоја година кога релативно односите беа дефинирани и повеке беа емотивни, се погоди да бидам во конгресот. Поднесов предлог за напагање на турција, кон која немам ништо лично ( оставите ги 5 века колинијална диктатура) но бев многу жестоко критикуван. Наредните неколку недели токму турција беше иницијаторот на рушење на тој систем и директно влеговме во војна со нив.
Апелирам до сите со ладни глави да почнеме да пукаме секој ден. Да направиме систем на донации и секој од нас да даде по 20 денари дневно. Мислам дека не се многу. Да се собираат и секој ден ако треба различни луге да креваат востание. Кога има војна ке има и луге кои ке сакаат да пукаат за нас. Овака ние ке пукаме некое време за нас. Многу од „дијаспората“ ке се вратат и ке пукаат за нас, а и грција има и други непријатели па ке се ослободиме некако.
Јас така продолжувам кој е со мене е добродојден, ако не ова е мојот пат за Македонија