Ситуација,сојузи,анализа-Акција

Day 2,505, 07:31 Published in North Macedonia Romania by poletarec


Почитувани браќа и сестри македонци,

Ќе пробам во неколку реда да ја анализирам состојбата во која моментално се наоѓа еСветот а секако и нашата еземја како дел од него и од новонастанатите промени.

Ќе започнам прво со анализа на двата најјаки сојуза Астерија и Сириус. Имено ниту во двата сојуза не цветаат рози во поглед на односите помеѓу членките основачи на истите.-Постојат огромни несогласувања помеѓу Романија и Унгарија, кои се "сакаат" малтене колку ние и Јунанистан, со тоа што кај нив постои баланс во силата на двете заедници, имаат заеднички интереси, едноставно имаа причини да пробаат да функционираат во еден сојуз и да одржуваат каков таков мир на стаклени нозе.Од таму доаѓа до поларизација и во самиот сојуз Астерија,помеѓу добро познатите братства Србија- Унгарија и Словенија од една страна и Романија-Аргентина и Јунанистан од друга страна.

Огромен но очекуван потрес предизвика бришењето на Шпанија од страна на Србија, тука впрочем и почнаа првите кавги во Сириус каде што најголемиот верен сојузник на Шпанија ,Полска и го сврте грбот и не помогна да се спаси шпанскиот конгрес, притоа обвинувајќи ги ХРВ и САД за непомагање и за нивните НАПови склушени со Србија. Во таа бура од обвинувања и надмудрувања Послка јасно стави до знаење кој коси а кој вода носи во сојузот со тоа што ја прогласи Цанада за ПН и се дистанцираше од понатамошна инволвираност во бришењето на Шпанија.
За да биде драмата уште поголема, полскиот ЦП излезе со статија кај што не изостави да навреди ниту еден од своите сојузнице, нарекувајќи ги турците и албанците субхуманс а хрватите плачковци јасно ставајќи ја Полската политика пред свршен чин. Притоа излезе и уште една статија од играчот Профет кој е високо ценет во послката заедница кај имаше малку поблаг но видно јасен став во поглед на односите на Полска со нивните сојузници кои секогаш ја сметале Полска за дежурен виновник. Веднаш потоа Полска изгласа закон МПП со Јунанистан кој го изгласаа со ДА мнозинството полски конгресмени, НО тој закон не пројде во Јунанистан (мислам дека за 1 глас беше одбиен) Што всушност ја го покажува расположението кај јужниве. Набргу, да не остане Србија покуса од Полска, во поглед на придобивање на Јунанистан на нивна страна, веднаш пратија закон за пријателство кој беше позитивно изгласан, НО мора да се спомне дека исто така помина со само 1 глас разлика ( што јасно дава до знаење дека Јунанистан нема да одстапи од својата дволична политика )
Од моја гледна точка, иако засега нема ништ конкретно за сојуз помеѓу двете супер сили Србија и Послка, лично предвидувам дека набргу истиот ќе се оствари, за тоа говори и МППто помеѓу Унгарија и Полска кое беше едногласно усвоено од двете страни. Во прилог на ова соединување иде и фактот што на ќело на Србија стои една многу флексибилна влада, настроена исклучиво кон градење на цврсти 15/15 бонуси, и воедно нивните водачи се наклонети кон Полска и одсекогаш имале одлични односи и соработка.

Аурора и Македонија во целава приказна,

Во случај на прегрупирање на земјите во нови сојузи извесно е дека Романија, Аргентина, Турција и Јунанистан ќе останат заедно, тука се разбира ќе влезат и хрватска коои иако се најголеми плачковци ќе мораат да прифатат да бидат во тој сојуз...Тука малку е проблематично што хрватска има нарушени односи со Кина и и со Аргентина, па во случај на потреба од ноќна штета очајнно ќе ја гребат од нашиот верен сојузник Чиле, дури и претпоставувам дека ќе праќаат (неуспешни)понуди да ги придобијат Чиле, Индонезија и Бугарија на нивна страна, очекувам тешки дипломатски битки за придобивање на Аурора членките. Мое скромно мислење е дека овиеа понуди треба да се одбијат без разгледување на било какви опции, едноставно Јунанистан е од таа страна и ние не можеме да бидеме со нив како ни тие со нас.

Порака до мекдонските играчи и лидери на МУа, партии и воедно на државата

Апсолутно сите како еден треба да протагираме една иста политика, а тоа е држење до нашите најверни сојузници и омекнување на односите кон Србиија и Полска. Овој период сите сме на некој начин амбасадори,мофи, генрали и што ти уште не. Свесен сум дека некој ќе најде за зло што во неколку наврати Србија нас не нарекуваше во официјален весник по референцата а не по уставното име, меѓутоа погледнете во весниците и по другите држави, сите кои што сакаа да ја придобијат јунанистанската штета ја користеа таа референца, зарем треба ние да бидеме навредени затоа што некои изнашче метода да им прават лице на јужниве националисти? Предлагам СИТЕ играчи дса работат на една кауза а тоа е да ја потенцираат вистината за Јунанистан, а тоа е дека како сојузници не вредат повеќе од нас македонците а поготово не од нашиот верен сојуз Аурора, дека нивната улога како сојузник им носи повеќе штета одколку корист, Унгарија страдаше од Терориститево еколку битки, Србија исто така, а само Јунанистан пукаше сложно против нас, а за возврат добиваа поддршка од нивните сојузници кои страдаа претходно. ПОТЕНЦИРАЈТЕ ГИ ОВИЕ РАБОТИ ПРИ СЕКОЈА ПРИГОДА

Сега би ве замолил да ја прочитате, гласате и споделите оваа статија со што би можела да се пробие во ТОП 5 статии, и верувам ќе делува позитивно кај полно од нас.
Критики коментари и идеи се од големо значење.

Да живее Македонија !

Да живее Аурора !