РАКИЈА

Day 2,473, 11:09 Published in North Macedonia North Macedonia by ko3ar28



Во клиника за откажување од алкохолот, докторот одлучил преку класичен пример да им покаже на сите пациенти, колкава е штетата од алкохолот.
Ставил на една маса две чаши - едната полна со вода, а другата со ракија.
Пуштил во чашата со вода црв и црвот продолжил да си плива и да мрда внатре. Пуштил во чашата со ракија еден црв и тој веднаш се згрчил, почнал да се превртува и умрел.
-И така господа, - прашал докторот - Дали ви е јасно сега што прави алкохолот и каков заклучок може да извлечеме од сето ова?
Целата група во еден глас одговорила:
-Кој пие ракија, нема да има глисти.