За Претседателските Работи

Day 2,447, 07:25 Published in North Macedonia USA by The One from Macedonia

Точно една година по претходниот мандат...и како и јас самиот што се прашував зошто воопшто го правам ова сигурно и голем дел од вас колеги е-републиканци ве интересира зошто...

Епа вака, прво еден дел ќе си одговорат сами дека е за медот, и бидејќи нема начин да ги разубедам ќе им одговорам: ДА ЗА МЕДОТ Е...таман да напукам имунитет за зимава.

За оние другите кои ги интересира е-македонија а и ги интересира весела игра. Да ги кажам моите цели за следниов месец на одмори:

1. Ресетирање на бонуси кај кенгурите
2. Поддршка на играчи со еднодневни и дводневни поделби на храна а по можност и оружје
3. Организирана игра протиф троседите за што ќе ги искористам моите позитивни контакти од претходниот мандат и запамтете добро "ЌЕ ИНИЦИРАМ ХАЈКА ЗА НИВНО ОБРИШУВАЊЕ" а доколку биде неуспешно барем да се оштетат што е можно повеќе
4. Многу веројатно искористување на АС на локација која претпоставувам сите вие би ја сакале но не сме размислиле до сега на таков чекор. Во координација со нашите сегашни пријатели ќе се обидеме да слетаме онаму каде што треба да сме.
5. И последно но не и најмалку важно. Повторување на идејата која морам да признаам беше неуспешна лани за организирање на бејби бум кој треба да почне на крај од август и почеток на септември заедно со почетокот на академската година.


Ве сака,

Ваш krste83