Мојата чудесна Македонија и еМакедонија

Day 2,418, 12:27 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarovski

Има на Балканот една земја која се граничи со самата себе.

Каде како и ви реалниот живот одиме на печалба и се селиме така и на вој еСвет истото го правиме а со целото срце сме Македонци.
Каде и да сме и каде и да умреме ние сме МАКЕДОЦИ.

Каде што живеат најубавите жени, а стапката на наталитетот опаѓа.

Каде што невработените најмногу работат.

Каде што на најплодната земја живеат луѓе кој гладуваат.

Каде што возовите доцнат по редот на возење.

Каде сите играат фудбал, а победуваат во ватерполо, кошарка, ракомет, одбојка.

Каде сите брзаат за на работа, а никој не доаѓа на време.
Каде што осумчасовното работно време трае 12 часа.

Каде што здравството е бесплатно, а лечењето скапо.
Каде што новинарите слободно пишуваат се` што ќе им се каже.

Каде што јавните набавки се тајни, а државните тајни јавни.

Каде што војните никогаш не завршуваат.

Каде што историјата се повторува секој ден.

Каде што најбогатите луѓе никогаш не работеле.

Каде што странската валута е замена за домашната.

Каде што паметните поради недоразбирањата ги прогласуваат за луди, а лудите за способни.
Каде што неписмените ја пишуваат историјата.
Каде што законите се нелегални, а анархијата нормална состојба.
Каде што се живее од иднината, затоа што на сегашноста немаат право.
Каде што секој на секого му се насмевнува, а никој на никого не му посакува добро.

Каде што судската постапка трае подолго од животот.

Каде што единствениот начин за наводнување на земјиштето се поплавите.
Каде што сметаат дека земјата ќе напредува повеќе, ако повеќе се назадува.
Каде што нормалните не се потребни - се вработуваат подобни, а не способни.


На Балканот постои една земја во која со чесност, искреност и напорна работа никогаш нема да стигнеш до посакуваната цел...