Подај рака за хуманост - Таша.МКД

Day 2,370, 03:08 Published in North Macedonia Nigeria by Princess of Nigeria

Да помогнеме

Ги замолуваме хуманите граѓани на Р. Македонија кои се во можност да донираат било што: облека, куќни апарати, постелнина и слични потребни работи за секојдневен живот за да им помогнеме на нашите соседи од Србија кои доживеаа страшна катастрофа и го изгубија покривот над глава.
Во недела во 12 часот, група граѓани на плоштадот Македонија во Скопје организира хуманитарно собирање на облека и постелнина и по тој повод ги замолуваме сите оние кои се во можност да дојдат и да помогнат колку можат.

]


]

Јас донирав, донирајте и вие - скокнете едно кафе и покажете дека навистина ви е грижа преку акција, а не само со коментар:
070 143400 / 075 143400 / 078143400 (Црвен Крст Македонија - 100МКД)

Веб плаќање преку картичка со назнака преку Casys (100МКД-30000МКД):
http://donate.org.mk/index.php/mk/donate-mk/campaigns/137-2014-05-17-06-15-31

]

Македонските граѓани самоиницијативно се организираат за помош на настраданите лица во поплавите во Србија и во Босна. Ова се пунктовите за кои засега е сигурно дека утре (недела) ќе бидат поставени во повеќе општини во земјава:

Општина Аеродром – 10 часот, на ширинката кај Мајчин дом, до малата црква

Плоштад Македонија – 12 часот

Куманово – 11 часот – 14 часот, плоштад

Населба Автокоманда – 11 часот, пред Римес (на коцката)

Велес – 15 часот, фондација „Фокус“ (зграда на НВО, наспроти градинката во Дворови)

Битола – 12 часот, плоштад Магнолија

Тетово – од 9 до 11.30 часот, пред центарот за култура „Иљо Антески – Смок“

Кисела Вода – во текот на целиот ден, ул. Стојан Стојановски, зад магацините на Славија, до пругите

]