Ми требаш - Таша.МКД

Day 2,353, 12:02 Published in North Macedonia Nigeria by Princess of Nigeria

Ми требаш





Ми требаш...
Како никогаш...
Како некогаш...
Ми требаш... секогаш
Дишеш во мене.
Те чувствувам:
Во утробата-
Постела на незачнатите ембриони,
Во желудникот-
Секој проголтан залак си ти,
Во срцето-
Меѓу коморите и предкоморите,
од аортата до главната вена
пулсираш во мене.
Сите алвеоли и бронхи
се исполнети со тебе,
а во мозокот – ти си сива маса.
На усниве ги носам
твоите бакнежи.
Во очиве го кријам
твојот поглед.
Во болката си ми болка,
во сонот си ми сон.
Ми требаш...
Како никогаш...
Како некогаш...
Секогаш...