Македонија и сојузите

Day 2,287, 03:18 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Пред година ипол добивав дневно по пет пораки, од видни играчи кој ги споделуваа идеите за тоа како да функционира еМакедонија иако незнам зошто мене ми пишуваа и тоа прекина и но повторно веќе неколку недели добивам пораки со идеи како да функционира државава. Најчесто им велам тие да напишат статија но се плашат дане ги плукаат или тролаат, до некаде и ми е јасно затоа што веќе никој не пишува статии од таа причина.
Бидејќи јас нема што да изгубам во релноста а уште помалку тука напишав статија од она за што сум раговарал со старите и видни играчи особено е битно да се нпише зборот ВИДНИ, но и некои мои мислења да споделам.

1.Нема да влеземе во никаков сојуз без консултација на старите играчи, а тука спаѓаат и играчи кои направиле многу повеќе за еМакедонија но никој не ги прашал потребни се само за мавање, неможе два-тројца да одлучат што ќе биде и како ќе биде како што беше до сега.
Со таков став постигнавме тоталното откажување на еМакедонските играчи одкако сме под окупација и земање на државјанства, благодарение на тоа што одлучиле неколкумина што ќе биде со еМакедонија.

2.Со инатење никаде нема да стигнеме и ништо ќе нема да постигнеме, еве сите тие експерти нека кажат како ќе се ослободиме и зошто не сме слободни скоро две години, неможеш да се одмаздиш на некој без средства и ресурси, тоа не е можно на чергарски начин-со земање на државјанства и селење да се ослободиш, последно нешто што читам е да земеме чилеанско државјанство и тие што се да се откажат од еМакедонија значи ќе работиме и ќе помагаме туѓа економија, но грците ќе нема да имаат зголемени државни приходи многу јака тактика тие државата ја имаат окупрано, но со овој чекор гарант ќе пропаднат, ова доаѓа како да е грција држава сојуз таа нема да добие помош од никаде.

3.Злопамтила, пред три години пишував статија за тоа како ќе биде и што ќе биде со државата и сојузите и дека ништо не е вечно, насловот беше Нема вечен пријател, и нема вечен непријател, жал ми е што ја избришав таа статија и многу други сега само ќе ги реобјавев.

4.Тактика мора да влеземе во сојуз со еСрбија и со еТурција, да влеземе и да ги вратиме териториите, па потоа на разумен начин ќе се одмаздиме, како за пример да го пофалам новиот претседател кој го направи потфатот за ослободување и кога започна онфанзивата најмалку дваесет играчи се вратија на играва, а замислете да ги вратиме териториите колку играчи ќе се вратат, доколку сакаме ова е единствено решение. Мора малку да се освежиме и да собереме енергија и мотивација а вака и со овие тактики се подлабоко и подлабоко навлегуваме во трње и близу сме до искрварување.

5.Сите се лоши само ние сме добри и сите ни мислат лошо, ова се погубни мисли кој ја уништија оваа еНација а исто и реланата, верувајте никој не ни мисли лошо ниту пак сака нешто да ни направи, од вчерашното интервју добив двесет порки од турски играчи кои се залагаат за истото да бидеме пак заедно.

6.Ова се мислењата дали ќе се согласите или не тоа е ваша одлука, но се потребни реформи еве ќе земеме сите чилеански државјанства, но до кога ќе бидеме чилеанци и наредната цела година и кој ќе гарантира дека тие што ќе земат чилеанско државјанство ќе сакаат да земат повторно еМакедонско, кога се збори вака многу повеќе ги ценам датумите, а не мерки со кој од носот подалеку не гледате.

7.Многу играчи не се согласуваат со тактиките кои ги носат владите, можеби се повеќе од 60% па ете оваа статија нека го скрши ледот и нека се изјаснат сите.



Македонија и сојузите
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2376915/1/20