Аххх...- Таша.МКД

Day 2,250, 13:43 Published in North Macedonia Nigeria by Princess of Nigeria
]


Метафизичка психогенеза на нереализираната машкост

Задимена просторија
и уште една чаша алкохол.
Отпушоци и пепел.
Апокалиптичен поглед
Неврзани мисли
Неразбирливи зборови
Несинхронизирани движења
Ми кажуваш
за страст завиткана
во златце од гриоте
и мечти сокриени
во кутиче од кибритчиња,
за невозвратени чувства
и нереализирана љубов.
Ми зборуваш за тоа
дека не си среќен,
дека се е фарса
за да не оставиш дамка
на својата кариера.
И ништо не е како што изгледа.
Те гледам проѕирно,
низ прашалници.
На празен лист хартија
оставаш автограм за вечност
и број некогаш да те побарам.
Можеби утре
или утрето по тоа утре
или некое друго утре.
Те слушам и не те разбирам.
А не се ни обидувам.
Фројдовски неразбирливо.
Синтетизирам
Анализирам
Генерализирам
И залудно е...
Го изделувам:
Несвесното од свесното
Невозможното од возможното
Разумот од срцето
Душата од телото
Непознатото од познатото
Сонот од јавето.
Теоретски докажано
Практично неможно
И пред да те дефинирам
и пред да поставам анамнеза
те скенирам со метафизичка психогенеза.

]