Лицемерие и ПМС

Day 1,880, 07:08 Published in Serbia North Macedonia by SaveAss

Многу ми е смешно кога некој вади статија со некои паушални заклучоци базирани на некоја своја виртуелна извитоперена замисла.

Ајде да почнеме од РЖ, јас требаше да студирам во Бугарија, но по само 5 страни од Историјата која требаше да ја полагам за да ме примат јас се откажав од таа замисла. Просто, сам со свои очи имам видено докази кои датираат пред 1940-та (и Тито) кои укажуваат на постоење на Македонска држава. Се запишав на нашите факултети, нормално.

Од друга страна друга личност излага со став дека бил против какви било односи со Албанија, а тој самиот е вработен во фирма (лебот го печали таму) и има газда Албанец. Заради таа причина неговите заложби кои сите ги шаутираат ми стануваат паушални. Лицемерност до немај каде.

Да се навратиме на играва, сите знаевме дека Грција ќе запне да ослободи некој регион, а ние самите си пукавме кај стигнеме и ОП пак сме на старото тапшање по рамо.

Кривецот е во нас самите, кривецот е нашиот начин на размислување каде сакаме да се докажеме и покажеме на другите, како да тоа им значи нешто нив. ТОА НИВ НИШТО НЕ ИМ ЗНАЧИ, а Македонија нема никаква корист.

По незнам кој пат ќе речам, интегритетот значи да имаш свој став поткрепен со аргументи кои може да се сменат исклучиво со други аргументи кои се интелектуално издржани.

Значи ДА мислам дека Албанија е добар сојузник, тоа е затоа што имаме многу по заеднички работи со нив него со некои фаворизирани сојузници. Впрочем никој не кажа кои се бенефитите да бидеме сојузници со нив? Зошто?

Еве конкретен пример како нашите сојузници се „мазат“ со нашите непријатели. Што правиме сега?

http://www.erepublik.com/en/article/letter-from-eserbian-ambassador-to-egreece-2191894/1/20

Да Бугарите се наши најдобри сојузници, тоа е затоа што си го одржуваат зборот и не почитуваат, тоа е сојузник.

Во РЖ можеби не е така, но ова е игра со стратегија и економија, две работи кои се врзани заедно уште од времето на Сун Цу и сакале нејќеле мораме да ги балансираме и да бидеме по инветивни од непријателот.

Со почит,
SaveAss