Глупи АМЕРИКАНЦИ!

Day 1,775, 10:59 Published in North Macedonia North Macedonia by krembananka
Американците се толку глупи што гладуваат, за да купат смартфон !


Американските фамилии ги намалиле трошоците за храна во рестораните, за забава и облека, а истовремено ги зголемиле трошоците за паметните телефони и услуги на мобилниот интернет.

Паметните телефони денес сочинуваат околу половина од сите мобилни телефони во употреба во САД, според Wall Street Journal. Просечните трошоци на американските фамилии за мобилни телефони и за мобилен интернет пораснаа на 1.226 долари на годишно ниво. За споредба, во 2007 година за истата намена биле потрошени по 1.110 долари.

Трошоците на просечно семејство во САД за храна во ресторани и барови минатата година е пониско за 48 долари, на облека трошат 141 долари, а на забава 126 долари помалку од претходната година.

САД е најголемиот пазар за мобилни телефони, првенствено за "Apple" и "Samsung". Како што беше претходно најавено, на продажба е само почетокот на продажбата на "iPhone 4S" во Oктомври 2011 година, влијаело на зголемувањето на американскиот бруто домашен производ (БДП) од 0,2 проценти.