Работи кои нема да ги научите на УЧИЛИШТЕ!

Day 1,770, 10:50 Published in North Macedonia North Macedonia by krembananka
11 работи кои не сте ги научиле и нема да ги научите на училиште.

Правило 1: Животот не е фер, навикни се на тоа.

Правило 2: Светот не го интересира твојата самодоверба. Светот те прифаќа доколку постигнеш нешто пред да започнеш да се чувствуваш добро во сопствената кожа.

Правило 3: Нема да заработуваш 60.000мкд годишно веднаш штом излезеш од средно училиште. Нема да бидеш попретседател на службен телефон, се додека не заработиш да бидеш на таа позиција.

Правило 4: Ако мислиш дека професорот е строг, чекај додека не го запознаеш шефот.

Правило 5: Правењето хамбургер не е под честа. Твоите претци имаа друг збор за правење хамбургер: можност!

Правило 6: Ако погрешиш, не се твоите родители виновни, не плачи над твоите грешки, учи од нив.

Правило 7: Пред твоето раѓање, твоите родители не биле досадни како сега. Станаа такви поради плаќањето на сметките, чистењето на твојата облека и слушајќи те тебе како зборуваш дека си многу "cool". Затоа пред да започнеш да ја спасуваш шумата од паразити, обиди се да го средиш плакарот во твојата сопствена соба.

Правило 8: Твоето училиште има начин за решавање за тоа кој е победник, а кој губитник, животот нема. Во некои училишта ги укинаа негативните оценки и даваат голем број можности за да го дадеш правилниот одговор, но тоа не е воопшто слично со реалниот живот. Такви можности во животот нема.

Правило 9: Животот не е поделен во семестри или полугодие. Нема слободно лето и мошне мал број на вработени се заинтересирани да ти помогнат да се пронајдеш себеси. Тоа прави го во твоето слободно време.

Правило 10: Телевизијата не е вистински живот. Во вистинскиот живот луѓето мораат да го напуштат кафулето или ресторанот за да одат на работа.

Правило 11: Биди љубезен кон "бубалиците". Голема е веројатноста во иднина да работиш за некој од нив.

БИДЕТЕ СИГУРНИ ВО ОВА!