ДА ГИ ИСКОРИСТИМЕ РАКЕТИТЕ

Day 1,685, 05:01 Published in North Macedonia North Macedonia by Macedonian Power

Здраво еМакедонијо!

Сакам да дадам еден предлог за да подобро ги искористиме новите фабрики за ракети во играва. Овие фабрики може да бидат многу корисно оружје во играта,ако правилно се употребат и распоредат. Една ракета не значи ништо во некоја одлучувачка битка, меѓутоа 5-6 па и 10 ракети фрлени во последната минута можат многу да сменат.

Правењето на фабриките и ракетите не е ни малку евтино за поединец, затоа државата треба да организира единица, како и организирано собирање на оружја за правење на ракетите.

Единицата да се организира со цел за правилно и навремено фрлање на ракетите бидејќи нема да има големо фајде ако секој си направи ракета и ја фрли некоординирано во битка кога не е потребно или за медали. Додуша ако некој сам си ја направи не може никој да му каже каде и како да ја употреби, ама ако е со помош од државата е веќе друга песна. Имаше некоја анкета за тоа какви фабрики за ракети имаат направено играчите ама не знам што стана со тоа.

Секој од нас има фабрики q1,q2,q3 со оружја кои не ги користи и ако се направи акција за донирање на дел од тие оружја на некој од државата за да потоа бидат распоредени на 'рекетарите' може да биде многу значајно во важните битки, а остатокот ќе го обезбедува државата, со тоа што во фабриките ќе си инвестираат сами играчите. Една q4 фабрика е 100 злато така да не е малку.

Еве пример еден да донира 10 q1 и 10 q2 оружја ќе го чини околу 130 мкд , друг ќе донира 10 q3, трет q4 ... за никакви пари, кои секој може да си ги дозволи ние ќе имаме 10милиони штета во секоја потребна битка.

Ова е само како предлог до државата, може веќе и да е планирано ова, со цел подобро да ги искористиме фабриките.

Само за информација, немам ракетара и статијата не е пишана за лична корист.

Поздрав