Туторијал за најава на армискиот и удар каналите - по измените

Day 1,673, 14:54 Published in North Macedonia North Macedonia by Pero Nakov BB

Здраво еМакедонијо!

Во последно време често се наоѓав во ситуација да треба некому да објаснувам како да се најави на армискиот и удар каналите, па решив да напишам краток и јасен туторијал.

Прво, да објаснам зошто е потребно да се најавувате на армискиот канал:

1. За еМакедонија - често постои потреба од координирани напади врз противниците, за да не се расфрла инфлуенс по разни битки, туку да се сконцентрира на одредена битка и во одредено време. На овој начин ефектот на секој поединечен играч се максимизира.
2. За самите играчи (директно за цивилите, индиректно за членовите на паравоените единици) – со најавување на ботот Udar, Вашиот инфлуенс се брои и за тоа вашата единица добива рефунд (цивилите обично добиваат тенкови). Понатамошната распределба на рефундот во рамките на единицата зависи од интерните правила.

Второ, линкови кон армискиот и удар каналите...

Каналите се на IRC, Ризон. Да не тупам многу, постојат соодветни кратки URLа за побитните канали:
1. http:// tinyurl.com/emkd-army - ова е каналот на еМакедонската армија каде се следат наредби за време на Удар. Со измените во модулот за војување овој канал се пасивизира, наредбите се следат на удар каналите, според припадноста на одредена дивизија.

2. Удар канали:
http://tinyurl.com/emkdUdar1
http://tinyurl.com/emkdUdar2
http://tinyurl.com/emkdUdar3
http://tinyurl.com/emkdUdar4
http://tinyurl.com/emkdUdar5

Зависно во која дивизијата каде припаѓате, се најавувате на соодветниот удар канал. На пример, дивизија 1 се најавува на udar1, дивизија 3 се најавува на Udar3, итд. Поделбата по дивизии ќе ја напишам дополнително.

3. Канал на вашата единица – веројатно веќе го знаете. За MCF, каналот е http://tinyurl.com/MCFChat

Трето, постапка за најавување...

Како генерално правило, никот треба да биде во формат [EDINICA]NickOdIgra. Почитувајте го или барем ставајте единица пред никот, дури и да е различен од никот кој го користите овде.

1. Се најавувате на каналот на единицата – ова не е задолжително, ама за MCF е препорачливо бидејки често за време на удар се делат тенкови од MCF фондот (http://tinyurl.com/MCFChat).
2. Се најавувате на соодветниот удар канал, според дивизијата на која припаѓате
3. Се регистрирате на ботот Udar со наредбата:

!register

се цифрите на крај на линкот од вашиот еРеп профил. На пример за мене, линкот до профилот е http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/4801139, значи регистрирањето е со наредбата:

!register 4801139 Pero Nakov BB

Регистрирањето се прави само еднаш и нема потреба да се повторува при наредните удари.
По регистрирањето потребно е да ботот да му се најави присуството за да го брои направениот инфлуенс. Тоа се прави со командата:

!vnesi

За MCF, логично, кај единица стои MCF. За мене командата гласи:

!vnesi MCF Pero Nakov BB

Внесувањето се повторува за секој удар. За другите единици, кратенките побарајте ги на chat-от од единицата.

4. Пратете наредби на соодветниот удар канал, според дивизијата на која припаѓате.

Се надевам статијава ќе ви е од помош.

На крај, нема зијан од sub, vote и shout.