Предлог на стратегија за удар после новите измени

Day 1,665, 06:42 Published in North Macedonia North Macedonia by Pero Nakov BB

По најновите измени, конечно им се даде тежина и на послабите играчи. До сега, инфлуенсот одеше на куп, па еден удар на тенковите тежеше колку целиот инфлуенс на сите бебиња заедно (може претерав, ама поентата е таа). Поради тоа бебињата беа ирелевантни во исходот на битката.

После измените, со промовирање на дивизиите, повеќе не е така. Иако сеуште поените кои ќе ги освојат бебињата со победа во својата дивизија не вредат колку што вреди победата на тенковите, сепак има некоја тежина. Со ова, поделбите со кои се делат тенкови само на играчи со над ХХХХ сила ќе ги има помалку, за сметка на поделбите на сите играчи независно од нивната сила.

Е сега како да се преорганизираме, за да фатиме чекор со промениве?

1. Каналите удар1 до удар4 почнуваат да важат за сите единици, не како до сега на пример МЦФ се најавува на удар3 и сл... Секој удар канал се асоцира со соодветна дивизија. Така на пример, јас со 33 ниво ќе се најавувам и ќе следам наредби на #удар3, бебињата на #udar1 и сл... на овој начин ќе можеме да ги контролираме резултатите по дивизии. Доколку ботот Udar не подржува ваков начин на работа, или може единиците да добијат суфикси според бројот на удар каналот (на пример на удар3 да се внесам со !vnesi MCF3 Pero Nakov B😎, или поделбата да се врши директно во тенкови според FF.

2. #MKD-ARMY губи смисла, зошто наредбите не треба да важат за сите.

Со ваква организација ќе имаме оптимум искористување на инфлуенсот.

о7

Перо Наков ББ

ПС
Vote и Sub, се разбира, а и shout за статијава да биде прочитана од релевантни луѓе...