Претставување на тимот [Министерство за Здравство]

Day 1,509, 12:08 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Zdravstvo

Поздрав еМакедонијо

Дојде време да го претставиме тимот на Министерството за Здравство па да почнеме.

Во ова Министерство ќе биде добро познат тим од претходните влади.
Министер: Zlatko Kaskarevski
Заменици Министри: svetecot, Georgioski Igor Girl from MACEDONIA

Се надеваме дека повторно ќе бидеме од корист како и минатите мандати и ќе работиме за сите граѓани на еМакедонија. Овој тим е стандарден и затоа нема потреба многу да се зборува и да се објаснува. Да преминеме на тоа што ќе работиме овој мандат.

Работата на овој тим ќе биде да помага на поновите играчи и да им дава таканаречен рефунд кој ќе изнесува од 150-200 здравје секој ден зависно од тоа колку играчи ќе побараат леб.
Дневно ќе ни се префрлаат по 12 000 МКД. Со овие пари ќе се купува леб, а залихите на МКД или леб ќе се пренаменуваат за наредниот ден. Ќе пробаме да им помогнеме на сите играчи кој имаат до 2000 стр. Секој ќе има право само по еднаш во денот да зема леб (рефунд) од Министерството за Здравство.

За секоја поделба ќе бидат одредени термини и ќе имате редовни статии околу поделбата. Секој играч ќе мора да се пријави со ник од играта и линк. Доколку некој се пријави, а не ги исполнува условите нема да му биде префрлено леб (дневен рефунд).

Исто така ќе има и извештаи (статии) за тоа каде одат и на кој начин се трошат парите колку леб е поделено и на кого.

Се надеваме дека со ваша помош ќе успееме да им помогнеме на сите оние кој што имаат потреба од лебче плус, а со тоа да и помогнат на еМакедонија.




Со почит

Министерство за Здравство

Министер: Zlatko Kaskarevski
Заменици Министри: svetecot, Georgioski Igor и Girl from MACEDONIA