За пријателствата и сојузите

Day 1,490, 17:43 Published in North Macedonia USA by The One from Macedonia
Предговор:

Многу од нас своите профили на еРепублик ги играат како слика и прилика на својот РЖ карактер а многу други пак сосема спротивни лица од своите РЖ карактеристики. Некои се крадци а некои дарежливи, некои се тролови а некои пак конструктивни. Не значи дека тоа се карактеристики и на личноста која стои позади тој аватар. Некои пак имаат и по неколку мултија...е сега ако сите тие беа шизофреници во РЛ тешко светот ќе требаше место за злато на еРепублик да даваме пари за градење душевни болници...


Зошто ја пишувам статијава?

Епа вака, последниве денови сме сведоци на промена на политиката на една држава која долго време беше наш сојузник. Секоја чест за чекорот и јас ќе го почитувам, како се така и сојузите не се вечни. Нека им е со среќа на Турците во новиот сојуз и нека ги одмерат силите и така. Сепак имам доста добри пријатели меѓу еТурските играчи па очигледно дека не е тоа желба на цела еТурција може и да гледаме меѓусебни раздори понатака.

Наше е да не троламе и да не навредуваме, туку смирено да се бориме за она што е наша цел. Ресурсите секогаш се најбитен фактор па да продолжиме да се бориме за нив.

Македонија во повеќе наврати своите одлуки ги носела со договор и прифаќање од поголем дел на играчите но никогаш СИТЕ нели 🙂

Епа сега мили мои еМакедонци нас не ни преостанува ништо друго освен да се поздравиме со 07 и да им покажеме дека одлуката им била погрешна.

Со почит,
Ренџер krste83


и за крај малку окоплакнење...нашите ренџерки за вас 🙂