Федерализација - бенефити воени, економски и политички

Day 1,467, 23:23 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

Знам дека сме многу суетни за да прифатиме некои прости работи, но мислам дека до сега сит сфативме дека ова е свет на Плато, а плато го интересира само златото и Еврата особено. Да не речам станал бетер од Охриѓанец кога му идеш на одмор.

Значи она што ми се допадна многу кај Струме е што се одалечи од идеалот дека мораме да идеме кон Индија, дека престолнината мора да биде во сгашна Македонија и сл. такви егзотични размислувања кои ги подржувам.
Мислам дека сега повторно дојде време да направиме мала егзотика на тоа поле. Од одма знам дека на многумина нема да им се допадне идејата, но тоа што ми е граѓанска должност е да го кажам тоа што го мислам.

Најпрво да ги претставам промните кои ги донесе Плато во својот свет се’ со цел да ја раздрма играта. Базуките ги направи по достапни, нивниот инфлуенс го зголеми дупло по удар, даде да може да се чуваат чоколадата, ја зголеми продуктивноста и најважно од се’ го боли к’рот за нашето име. Целта од овие промени е јасна, тие што трошат пари, тоа да го прават многу повеќе.
Јас единствено решение на овој проблем гледам во соединувањето или федерализацијата на повеќе држави под едно знаме.

Е сега да не бев егзотичен ќе речев да одиме под едно знаме со некој наш сојузник, но... јас мислам дека треба најпрво да пробаме да го сториме тоа со Албанија и Црна Гора. Двете земји се изолирани и тешко дека ќе успеат многу да се рашират освен на својата оригинална територија. Решението е иницијално поврзување на 7 ресурси, 2 востанија за медали (злато), повеќе борци за битките за нови ресурси, повеќе капитал за да се освојува светската економија итн. Останатите точки мислам дека би било јасно како ќе се решат.

Исто така да напоменам дека во оваа игра мене не ми е важно да имаме држава затоа што:
1. Прво играва е виртуелна златна кокошка на Плато
2. И онака се викаме FYROM
3. Грција многу ни мрда и Егејска македонија секогаш ќе ни биде слаба стратешка точка која ќе не’ дупчи.

Се сложувам дека многумина веднаш изреволтирано ќе се постават спрема идејава, но тоа само значи дека сеуште не сте спремни за лидери. Зашто ме разбира оној што го осеќа потенцијалот.

со почит,
SaveAss