Како?

Day 1,460, 08:35 Published in North Macedonia North Macedonia by Kirijana

Како да побегниме

од солзите на денешницата?

Од лаежот на бесни креатури?

Да појдиш под светла неонски,

глумејќи радост,боемска младост?

Зар утехата е во тоа?

Како да ги скршиме

одтуѓеноста и грчот?

Грутката од кошмари,

да ја претвориме во крилести облаци?

Со надеж,со простување,
со подадена рака на помирување.