Велешка пита пастрмајлија

Day 1,459, 23:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Komandant Baci

По осми пат викендов во Велес ќе се орджи манифестацијата „Велешка Питијада". Настанот ќе се случува на главната улица од плоштадот „Сармаале" до кружниот тек и ќе биде во чест на специјалитетот, пита Пастрмалија и виното.
По тој повод денес рецептот ќе биде за подготвување на пити пастрмајлии.

За подготвување на една пита, потребно е:

250г.брашно, 2г.квасец, 5г.сол, 150г.месо, 50г.пастрма, 2 јајца, 50 г.свинска маст

Начин на подготвување:

Се замесува меко тесто, со брашното, квасецот, солта, водата по потреба и се остава да ферментира околу 1 час. Потоа повторно се меси тестото и се остава да отстои. По половина час тестото се дели на парчиња и се размесува во облик на топка и се остава да одмори околу 20 минути. Потоа тестото се зема на маса и се обликува питата при што треба да се остави венец наоколу, а во средината се распоредува месото ситно сецканто месо, се става една лажица свинска маст и е става во печка. Се пече во загреана релна на температура на 250 C околу 7мин. Потоа питата се вади и се кршат јајцата кои се разлеваат низ целата внатрешност и повторно се враќа во печка уште 5мин. Откако ќе се испече питата се премачкува со свинска маст. Се служи со сува печена црвена пиперка и добро црвено вино.

E сега многумина ќе коментираат дека штипската, неготинската незнам која, пастрмајлија е подобра, ама ќе потсетам дека само во велешката пастрмајлија се става пастрма (солено, сушено месо), па и со самото тоа само велешката пита може ја користи придавката ПАСТРМАЈЛИЈА.