Интервју со војвотката Киријана

Day 1,341, 13:21 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Ова е правата еДевојка со која што има ново прави интервју , а воедно е и првата еДевојка која е лидер на воената единица Редот на Македонските Темплари – МТО

Што Има Ново ?
Киријана : Има нови мисии.


За да се биде дел од вистинските Темпалри е многу тешко скоро и невозможно ,кои се условите за да стане некој член во вашата единица ?
Киријана : Моментално нема официјална регрутација,но секојдневно има интерес за влез во МТО.Првиот услов е над 2000+сила.И се разба најбитно е однесувањето.Без многу тролања,кавги и препукувања.


Дали знаеш која е тајната што ја кријат темпларите ?
Киријана : Има повеќе теории меѓу кои дека се чувари на светиот грал,чувари на најголемот богатство но за мене е најприфатлива една друга теорија дека биле чувари на светото евангелие по Исус.

Колку членови брои МТО и дали ќе формирате уште единици ?
Киријана : Моментално МТО има 67 членови,но најверојатно ке имаме уште една единица која ке биди во склоп на првата.

Што давате за рефунд ?
Киријана : Па стандард како скоро сите единици во еМакедонија.Од 10 до 12 тенкови зависи од тежината на битките за тој ден.

Која беше првичната идеа за единицата и како ја гледаш во иднина ?
Киријана : Па МТО е тоа што беше уште на почетокот кога влегов.(со 250 сила ) и секогаш ке остане истата со оглед на тоа дека луѓето ја прават единицата,а воглавно сме истите луѓе веќе 7-8 месеци.

Кое е мотото на вашата единица ?
Киријана : †.†.†...со верба во бог,Македонец до гроб!.†.†.† ...

Имаат ли почит кон тебе другите членови ?
Киријана : Па не би рекла почит,повеќе би сакала да кажам љубов и доверба.Иако ги карам сите со ред знам дека сите ме сакаат,а и јас ги сакам најмногу.

Што мислиш за другите единици ?
Киријана : Ги почитувам сите до една.И би апелирала да престанеме со препукувања и кавги по статии со таков низок став на однесување.Ајде сите да работиме за посилна држава.

Дали имаш политички абиции,па за краток период да бидеш претседател на еМакедонија ?
Киријана : Сега за сега не ни размислувам за тоа.

Еве ти како девојка кажи ни како може да се зголеми женската популација на играва,кое е твоето мислење зошто има малку девојки,ти си лидер на единица што докажува дека девојките не се дискриминирани ?
Киријана : Се разбира дека девојките не се дискриминирани но како и секаде треба да се докажат и изборат за своето место.

Што ќе им порачаш на еМакедонците ?
Киријана : Сакајте се и не карајте се.Играјте ја играва за забава сепак е само игра.

Што те нервира во играва ?
Киријана : Мене лично најмногу ме нервира кога македонец со македонец си вадат очи.

Кажи ни нешто за тебе и дали Kirijana e твоето вистинско име ?
Киријана : Не,само ник во играта.Но се соживеав со Киријана за МТО Кири бидејки најголем дел од денот а богами и ноќта сум онлине.

Каде на одмор ?
Киријана : На одмор во моето најубаво на свет Крушево.Градот на војводите и хероите.

Што ќе кажеш за крај ?
Киријана : Мекедонци бидете тоа што сте.Сакајте и бидете сакани.
Кири ве сака сите.😘