Нудам лебови за новите играчи

Day 1,279, 15:46 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina


Нудам лебови за новите играчи
http://tinyurl.com/3gkkzfq
шаут да видат повеќе бебиња



На старт само да кажам, дека делам лебови на сите играчи кои дојдоа со последниот ББ или нешто пред тоа. Секој на кој му треба енергија нека ми се обрати во порака на мојот профил. Значи не барам претплати, не барам ништо. Може само да дадете по еден глас, за да се дигне статијава повисоко и да ја видат што е можно повеќе бебиња.

Покрај ова, подготен сум да поделам по некој тенк и на секој оној цивил кој планира во војната против Грција да се бори со злато. И за ова, не барам претплати и такви глупости.

Мал осврт на ББ

Акцијата за прилив на нови играчи помина како што помина. Не можам да кажам дека сум премногу задоволен од третманот кој го дадовме, ама колку е толку е, наши се. Ја разбирам окупираноста на државата со војната со Грција и и честитам на организацијата. Не сум од оние кои ќе пушат сеа кај претседателот и другите луѓе, но морам да заклучам дека Струмјанин си ја заврши работата на највисоко ниво.
Да се вратиме на бебињата.
Откако почнавме да ги објавуваме статиите во медиумите, добивме од прилика над 1200 нови играчи, од кои според просекот, би требало да задржиме околу 400.
Со оглед на тоа дека само во реферал имам 312 (ете ја точната бројка за сите оние кои ми пратија порака со ова прашање) можам да заклучам, дека во оваа акција тешко дека ќе го стигнеме тој процент. Што се однесува до мене, сите на мојата листа добија пораки со туторијали, леб, совети. Од почетокот на акцијата до сега, поделив околу 2000 Q1 лебови.
Им благодарам на сите играчи кои ми пратија лебови за да им ги препраќам на новите играчи

За крај на овој текст, уште еднаш да ве замолам, сите да направите по еден share на текстовите кои одеа по медиумите од РЖ.
Еве ви еден линк и нема да биде лошо ако го објавите на Facebook
http://press24.mk/story/zabava/grcija-se-podgotvuva-za-vojna-so-makedonija

Со секое реобјавување, ни се зголемува приливот на нови играчи. Ние сами за себе работиме, сами си ја дигаме нацијата и бројот на играчи, па затоа, мислам дека никој не губи ништо ако го стави линкот на Facebook, Twitter, и другите социјални мрежи.

Следната акција за прилив на нови играчи, можеме да ја планираме за некаде месец ипол од сега. До тогаш, наша обврска е да ги изнесеме бебињата на прав пат..

Поздрав
Сарма

Нудам лебови за новите играчи
http://tinyurl.com/3gkkzfq
шаут да видат повеќе бебиња