Спремете се за бебињата

Day 1,273, 14:03 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina


Спремете се за бебињата
http://tinyurl.com/6xwuuw4
~~задолжителен шаут~~



Деновиве најавувавме, утре е време да го реализираме. Грција не прогласи за природен непријател, законот со сигурност ќе помине, така да утре можеме да очекуваме напад од нив.
Она што мене ми е важно е дека тоа е одличен повод за нов ББ.
Имам на располагање 2 медиуми со повеќе од 10 илјади уникатни посети на ден по сајт.
Тоа значи дека утре ќе биде објавен текст на Press24.mk и Kurir.mk.
Неколку пати реков, па сега ќе повторам. Многу е важно да се спремиме добро за бебињата. Значи до утре имаме време, да напишеме нови статии и да ги извадиме на врвот, да ја подготвиме поздравната порака и да го организраме чат каналот за нови играчи.
Да не пишувам огромни текстови, знаете се што треба да направите.
Сега е важно оваа статија да ја видат што е можно повеќе граѓани за да бидат спремни за утрешниот ББ. Планот е текстовите да бидат објавени некаде околу 12 на пладне (иако тоа зависи од тоа колку работа ќе имам утре) така да, очекувајте прилив на нови играчи.
Ќе ве моламм сите да го линкувате утрешниот текст од некој од овие два медиуми на вашиот ФБ профил, на Твитер и на било која друга социјална мрежа за да го видат што е можно повеќе луѓе и да добиеме што е можно повеќе бебиња. Ако 5000 луѓе на ФБ во просек имаат по 500 пријатели, тоа е огормна бројка на луѓе кои ќе бидат инфромирани за еМакедонија
Ќе ве замолам, доколку можете, во коментар до текстов да ми ставите линк од каналот за нови играчи како би можел да го внесам во промотивниот текст
Поздрав, и пуштете по еден шаут

Спремете се за бебињата
http://tinyurl.com/6xwuuw4
~~задолжителен шаут~~