Интервју со Притаениот Тигар

Day 1,271, 09:47 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Се врати низ мала врата се зафати и создаде мнгу компании и освои 7 БХ медали , повеќето еГраѓани се едногласини му предстои блескава иднина ! За минатото,сегашноста и иднината лично тој Банираниот !

Што Има Ново ?
Банираниот - Ништо се по старо.

Што мислиш за најавата ?
Банираниот – Не се плашете не сум тигар )))))

Што занчи твојата профил слика ?
Банираниот - Компанијата каде што работам

Кога започна да играш еРепублика ?
Банираниот – пред 3 години.

Кога те банираа и зошто ?
Банираниот – Мулти иако немаше никаков контакт. Поточно му го чував акаунтот на другар додека беше на пат.

Како се викше во минатото ?
Банираниот - нека остане тајна.

Си играл па те банираа па пофторно направи профил, колкава ли е таа мотивација ?
Банираниот – Банот беше пред 2 години. Тогаш не постоеше Македонија па немав толкава желба за играва.Откако дознав дека Македонија е додадена решив да се вратам.

Дане си мулташ и како го стекна богатсвото ?
Банираниот – Досега сигурно сум преку 1000 пати пријавуван за мулту и не сум баниран така да мислам дека го знаете одговорот. Кое богатство ? ))))

Ќе отвараш уште фирми ?
Банираниот – не со новиов модул доволно се само 4 фирми.

Кој се проблемите со кои се соочуваш со менаџирањето на фирмите ?
Банираниот – укинувањето на камиказите ги реши сите проблеми.

Како ти започнува еден еДен ?
Банираниот – со утринско кафе. 🙂

Зошто не си член на политичка партија и што мислиш за еПолитичарите ?
Банираниот – политика и бизнис не одат во пакет ))) Замислете да бев политичар цела Македонија ке зборуваше како се збогатувам на нивен грб.

Си во план да формираш воена единица со оглед на тоа дека ги имаш сите услови ?
Банираниот – Ке биде во брзо време ; )

Што мислиш за еМакедонија ?
Банираниот - Голем потенцијал,но политиката и национализмот не водат во погрешна насока.

Што би променил во играва и што те нервира ?
Банираниот – дефинитивно весниците. Стариот начин на преглед на весниците повеќе ми се допаѓаше.

Каде се гледаш во иднината ?
Банираниот - Времето ке покаже.

Која е твојата порака до еМакедонците ?
Банираниот – Македонци заборавете на политиката и национализмот.Не заборавајте тука сме да се забавуваме.

Од каде си и колку години имаш ?
Банираниот – До мојата 20 година живеев во Скопје , сега често паувам и имам 27 години.

По колку часа си на еРепублик на ден ?
Банираниот – зависи колку слободно време имам некогаш 10 минути некогаш 15 часа. )))))

Кое е твоето мото ?
Банираниот – Очекувај го најлошото, но надевај се на најдоброто.

Кажи некој виц ?
Банираниот – не ме бива за вицеви 🙂

Што музика слушаш и какви филмови гледаш ?
Банираниот – Слушам Хаус,Прогресив,Техно и може некое благо псу трансче. )))) Најмногу гледам трилери, но може и некоја добра акција или пак комедија.

Која боја ти е омилена ?
Банираниот - црна.

Кое е твоето хоби ?
Банираниот – Немам време за хоби.Иако немам напорна работа сепак работата ми одзема доста време. Останатото слободно време го поминувам со убавата половина или пак на ерепублик ))))