[МНР] КОНКУРС за избор на амбасадори

Day 1,268, 06:04 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija
Почитувани,

Со цел подобрување на меѓусебната соработка со нашите земји сојузнички како и комуникацијата со земји кои се пријателски и противнички настроени кон еМакедонија, Министерство за Надворешни работи реши да постави Амбасадори во дваесеттина земји за кои сметаме дека се најпотребни.

Иако и порано имаше конкурси и поставувања на амбасадори од страна на претходните македонски влади овој сегмент од македонската дипломатија остана сосема блед и незабележив. Многумина од нас дури и самите официјални лица не знаеме кои играчи воопшто се биле поставени на оваа функција.

Што е задача на амбасадорот?

Амбасадорот е претставник на еМакедонија и македонскиот народ во земјата во која ќе биде поставен. Основни негови задачи се:

- Комуникација со официјалните лица на дадената земја за прашања кои ги засегаат двете земји и нивно известување за политичките околности во еМакедонија.
- Комуникација со граѓаните на земјата каде е поставен (ирц, новинарство па и форуми)
- Редовно информирање на македонските официјални лица (Претседателот и Министрите за надворешни работи) за состојбите во таа земја
- Во исклучителни случаи да се појави и како медијатор меѓу две страни
- барем до крајот на Претседателскиот мандат да напише статија за своите видувања и ситуацијата во земјата каде е поставен.

Амбасадорот мора да биди комуникативен, способен да води дијалог и да го познава англискиот или официјалниот јазик на земјата.

Зошто да се пријавите за функцијата Амбасадор?

еРепублик не е само работење, тренирање и борење во битки и log out, еРепублик е и социјална игра. Дружењето и стекнувањето на нови пријателства е можеби највеќе ја краси оваа игра. Дипломатијата е најсилното оружје што треба да го поседува една земја а таа може да биде успешна само со дијалог и редовна комуникација меѓу играчите од различни земји.

Придружете ни се во дипломатските води, пријавете се за Амбасадор на еМакедонија за некоја во долуспомнатите земји.

- Србија
- Унгарија
- Хрватска
- Бугарија
- Турција
- Словенија
- Шпанија
- Полска
- Велика Британија
- Аргентина
- Бразил
- Индонезија
- Иран
- Русија
- Шведска
- Естонија
- Латвија
- Литванија
- Чехословачка (се здружија двете земји)
- Мексико
- Италија
- Нов Зеланд
- Белгија
- Црна Гора
- Јужна Африка

Сите заинтересирани испратете ни порака и наведете во која држава сакате да сте Амбасадор на добрата волја и зошто токму таа држава и Вашите способности особено ако го знаете официјалниот јазик на земјата за која се пријавувате. Доколку се јави дефицит од кандидати за некои земји, за Амбасадори во тие земји ќе бидат назначени кандидати кои се пријавиле за оваа функција а биле претходно елиминирани во изборот.

Изборот на амбасадор за секоја земја поединечно ќе биде избран од страна на комисија во состав на Министрите за Надворешни работи PhoenixMK, Ivan Vancho Makedonski и Претседателот Strumjanin со елиминирање и гласање.

Конкурсот трае 48 часа од објавувањето на оваа соопштение.

НАПОМЕНА: Доколку некој е веќе поставен на функција Амбасадор и е активно посветен во работата, нека не контактира за да ја задржи таа функција.

Со почит
PhoenixMK & Ivan Vancho Makedonski
Министри за Надворешни работи на еМакедонија