Разговор со тивкиот ДОН

Day 1,246, 05:32 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

2 BH медали,воено и политички неактивен,сопственик на весник со една статија ова е честа слика на повеќе еЖители но доколку би кажал дека има 26 фирми и во сите нив има вработено по најмалку 5 работници,а вкупно вработени има 184 ! веднаш се добива друга слика.
Многу редко пишува коментари и многу малку е застапен во еЖивотот малку еМакедонци знаат дека постои,тоа се особините на тивкиот ДОН

Што има ново ?
ЗукоМК-Па зависи како гледаш се е ново за некој што не ме познава,а се е по старо за тие што ме знаат од порано...

Што мислиш за најавата ?
ЗукоМК-Немам коментар 🙂

Како ти почна дружбата со еРепублика ?
ЗукоМК-Дружбата ми почна од кога ја видов рекламата на Сител за еМакедонија.

Од каде си и колку години имаш ?
ЗукоМК-Роден сум во Кавадарци а живеам во Америка и имам 35 години.

Што значи твоето име и сликата на профил ?
ЗукоМК-Моето име е мојот личен прекар што го имам од кога знам за себе,а сликата ја симнав од интернет не е нешто поврзано со мене.

Како го стекна богатсвото,дане си мулташ ?
ЗукоМК-Не не сум мулташ,а богатсвото што го користам во еЖивотот ми е стекнато во реалниот зивот т.е. сите фирми ги имам купено со пари од реалниот живот.

Велија Рамковски или Ричард Брансон каде се наоѓаш ?
ЗукоМК-Ricard Barson дефинитивно.

26 Фирми , колку време е потребно за да ги средиш административните работи,кој работи а кој не работи,дали да вработуваш или да бркаш,по која цена да ги продадеш производите со оглед на тоа дека сега ја поедноставија продажбата со магацинот ?
ЗукоМК-Во зависност од моменталната ситуација,дали има моментален недостиг на работници, и дали цената на дневниците е променета помеѓу еден и два часа на ден,обично најмногу време трошам на огласите за работници.Секогаш во секоја од компаниите недостига по еден или двајца работници,додека да ставам оглас за секоја од нив поминале 2 часа.

Ќе отвараш уште фирми ?
ЗукоМК-Да ќе отварам уште фирми, но сега ќе почекам прво да видам што ќе се случи со новите ресурси и како сето тоа ќе функционира,кои од нив ќе бидат профитабилни.

Кои се проблемите со кои се соочуваш во работата ?
ЗукоМК-Најголем проблем е што неможам на одговарам на пораките на вработените за секојдневни проблеми, како на пример отпуштиме ќе се селам во друга држава или покачими плата...итн.Јас живеам во различна временска зона и секој ден се укључувам на полноќ по македонско време и веќе имам добиено пошта од пред 10 часа и тие се веќе лути на мене зошто не им одговарам на прашања или зошто не сум активен но секогаш се обидувам да избалансирам.

Што мислиш за економијата и за конкуренцијата човек-фирма кои ја смалуваат цената има ли решение ?
ЗукоМК-Нема решение за тоа а и не се само тие проблеми.Не треба да има лутење по некогаш некои од играчите немаат пари за плата на вработените или пак да купат ресурси ич не ги интересира за моменталната загуба или за рушењето на цената на пазарот.На пример имаат добри работници кој работата со 100 % здравје и несакаат да ги загубат со тоа што нема да има пари на сметка за плати или нема да има ресурси за производите......

Приближно кажи ни колакво е твоето богатсво во златници ?
ЗукоМК-Секогаш доволно за да ги задоволи мојте потреби и амбиции.

Која е твојата мотивацијата во играва ?
ЗукоМК-Мојата мотивација за играва е: послем денот Х кога егејскиот дел од македонија ќе биде обоен во зелено,наслов со големи букви во реално издание на
NEW YORK TIMES, “ПРАВДАТА Е ЗАДОВОЛЕНА НО САМО ВО ВИРТУЕЛНИОТ СВЕТ ”
Македонија си го врати делот кој што и беше неправедно одземен пред многу години !!!


Кога се логираш на играва што ти паѓа прво на памет и што прво гледаш
ЗукоМК-Најпрвин гледам да не има некои нови војни поврзани со Македонија и послем тоа проверувам дали има доволно ресурси или пари за да функционираат компаниите.

Кажи ми како ти поминува еден еДен ?
ЗукоМК-Па вака :
Работам најпрвин и тоа ако не сме во војна моментално работам скоро во сите фирми,а ако сме во војна само во една ја чувам силата за војување.Послем тоа тренирам па се борам и на крај ги ставам огласите за работници и ако има потреба менувам плати а пред да се искључам читам весници.


Зошто не си политички и воено активен и што мислиш за еМакедонските политичари ?
ЗукоМК-Политички не сум активен затоа што немам време слободно,а исто така не ми се допаѓа начинот на кумуникација меѓу партиите и помеѓу самите играчи секогаш се зема во обзир кој на кое ниво е во играта,на пример во играва има луѓе од сите професии и на сите возрасти и сега играч што е на 27 левел во играта не му дава право на играч од 10 левел,а играчот од 10 левел е некој си професор по науки и има искуство во реалниот живот повише од цела влада и од еМакедонскит политичари мислам дека треба да имаат поголемо почитување кон туѓото размислување,без разлика колку и да е пограшно !
Докажете го спротивно со факти и резултати . а не со навредии правите лажна вистина,воено не сум активен поради истата причина немање време,но кога би нашол добар организатор или добар водач кој што има повеќе слободно време,со задоволство би бил спонзор за комплетните потреби на една воена единица , без разлика какви и да се и колку и да се......


Се соживуваш со играта ?
ЗукоМК-Не се соживувам со играва зошто во реалниот живот сум задоволен од самиот себе,се разбира со помош на Господ.

Што ќе им порачаш на еМакедонците ?
ЗукоМК-На еМакедонците ќе им порачам да не ги правиме истите грешки од реалниот животот,да не се разделуваме,туку да се соединиме,и да не ги бараме слабостите меѓу нас туку да му ги најдеме на непријателот.

Што би променил во играва ?
ЗукоМК-Па има многу што може да се промени кон подобро,но од моја гледна точка би било добро лимитот за надоплонување на сила 300 на ден би било добро да се покачи на 800 ,заради подобрување на економијата и зголемувањето на активностите на воените единици.

Имаш слободно време и како го користиш ?
ЗукоМК-Слободно време воопшто немам,во реалниот живот сум многу позафатен
Во виртуелниот,а времето што го користам за играва е мое слободно време
Од прилика по околу 2 часа на ден.

Додека играш што музика слушаш ?
ЗукоМК-Ex YU

Гледаш филмови и какви ?
ЗукоМК-Воопшто негледам немам време последниот филм што сум го гледал е сигурно пред 2 години.

читаш ШТО ИМА НОВО ?
ЗукоМК-Во играта читам се што е важно и интересно , а во релниот живот последно нешто што сум прочитал е Папокот на светот од Венко Андоновски.

Благодарам за разговорот и за времето што го одвои, ти посакувам успех.
ЗукоМК-Ви благодарам и вам, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА !!!