Мојот трет конгресменски мандат

Day 1,222, 12:11 Published in North Macedonia Armenia by GokaGrozni



Првин да им честитам на сите мои колеги кои ке се во овој мандат и да им посакам плодна работа, воедно и да ги подсетам за обврската која од поодамна стана непишано правило, донирање на златото во народната банка на еМакедонија.Не знам дали сеуште се води есап за таквите донации, постарите играчи колку толку водеа ред и ги има прибележано првите три состави на конгресот.

Веќе сум известен за првиот состанок, се надевам дека сите нови конгресмени го добиле истото известување, ако не, еве ке го постирам тука поважниот дел.
"Првиот состанок на чатот за конгресмени ќе биде на 27.03.2011 (недела) во 16:00 часот.
Ако не знаете како да влезете, одете на rizon чатот, и сами пишете си PM со текст „/j #kongresMKD kongrespass“ (каде што kongrespass е пасворд за каналот и ќе биде сменет наскоро. Пасвордот не смеете да го кажувате на никого."