Чекор поблиску до Нинџа скриптата

Day 1,213, 08:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Revolucioner903

Сите сме запознаени со Нинџа скриптата што масовно ја користеа Бугарите. Една од опциите на оваа скрипта беше и опцијата Auto Eat со што автоматски се конзумираше храна се додека не дојдете на 100-ка али ви снема храна.




После долги и макотрпни протести на играчите кои играа чесно, админите конечно ја забранија оваа скрипта, но изгеда тешко им падна тоа што мораа да ја забранат, па се решија да ја имплементираат во Erepublik токму опцијата Auto Eat од Нинџа скриптата.





Со оваа најнова измена доколку кликнете на Eat food, автоматски ќе конзумирате храна додека се додека имате храна и додека дојдете на 100-тка.
Оваа промена, во комбинација со промената за Storage, прави да лебовите со поголем квалитет ги изгубат сите свои предности и да станат сосема непотребни, со што им се прави огромна штета на сопствениците на овие фирми кои потрошиле огромни количини на злато за да ги унапредат своите фирми за леб.

Значи сега можат да се купат големи количини на q1 леб а истовремено со само еден клик и да се конзумираат. Ваквите промени веќе си го направија своето и доведуваат до апсурдна ситуација да лебот со поголем квалитет на пазарот да биде поевтин од q1 лебот!?







Забележувате дека најевтиниот q1 леб има цена од 0.58 односно, и тоа е само една понуда, другите држат цена на 0.59, а додека најниската q2 понуда е 1.14. Епа удрете сеа една математика:

q1 = 0.56 MKD -> 2 здравје, 2 q1 = 2*0.56 = 1.16 MKD -> 4 здравје
q2 = 1.14 MKD -> 4 здравје


Токму така q2 лебот е поевтин од q1.
Моментално мојата понуда на q2 леб е 1.16 МКД што е со иста цена како и најевтината понуда на q1 леб и така си стои уште од сабајле, сите си купуваат само q1 леб.

Значи ние сопствениците на фирмите со поголем квалитет на леб сме доведени до таква една ситуација, да и покрај тоа што сме инвестирале големи стедства за поголем квалитет, да го нудиме лебот по пониска цена од q1 лебот !?


Покрај ова, се појавува и проблемот кога сакаш да надополниш само одредена количина на здравје, на пример ако си на 20 здравје и ти фали само еден удар за да качиш ранк, односно сакаш да надополниш само 2 здравје, колку да качиш ранк и пак да си на 100-ка. За ова има решение, али треба да се замараш, односно да ја ставиш цела храна на продажба освен 1 лепче, кое ќе го конзумураш.


Како што тргнале админиве следно нешто што може да очекуваме од нив е да ја импементираат и опцијата Ninja Attack.


П.С. Дајте по некој Глас и Претплата, зошто бааѓи се изнамачив за статијава, првиот пат се зезна нешто, па ова е втор пат како ја пишувам, ако не за мене барем дајте за атeр на теткава: