Економијата и новите измени (заменик министер за економија)

Day 1,175, 11:53 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

Почитувани граѓани,

Пробував да ги анализирам малку новите правила во играта. Од она што до сега може да се воочи е дека примамливоста да се отвори една фирма е голема, но сеуште не сме сигурни дека тоа е правилна одлука.

Затоа што веќе има многумнима што купиле фирма, би сакал да видиме како ќе се снајдат. Доколку тендот оди во друга насока т.е. фирмите почнат да се затвораат тогаш можеби е паметно што ќе почекате да видите дали ваште сограѓани направиле лоша инвестиција и изгубиле.

Јас засега одлучив да чекам, па можеби наместо на една, ќе станам одговорен на 3 фирми за истите пари.

Вашите добри или лоши искуства ве молам да ги споделите во коментари. Така сите ќе научиме по нешто.

Уште еднаш ве советувам да бидете малку стрпливи со отворањето на нови фирми.

Благодарам,
SaveAss

ПС: Ставете ги барањата за работници во мирување, особено оние над Координатор. Почекајте да се стабилизира пазарот.