Интервју со Струмјанин

Day 1,171, 03:28 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Уникатен,Моќен,Квалитетен,Успешен,Препознатлив,Стратег,Секогаш со идеи !
Во еРепаблик е веќе 4 месеци , за кратко време се издвои од останатите и стана почитуван лично тој Strumjanin вака ни почна разговорот :

Што Има Ново: Што те натера да играш еРепаблик?

Strumjanin : Моите РЛ другари Гугле и Аргеад. Одамна се „јадеме„ на разни игри-стратегии, а ете сега за прв пат играме на заедничка страна. Тоа ми беше првичниот стимул, но сега веќе многу работи ме врзуваат за играта. Сега веќе нема откажување, се навлеков.
Што Има Ново: Дали предходно имате играно онлајн игри ?

Strumjanin : Не ме персирај, иако сум постар 😛 Правев неколку обиди ама ништо не ме задржуваше повеќе од недела дена... Досадни ми беа. Ова е нешто друго.
Што Има Ново: Какво е искуството,те разочара ли,и што би променил во врска со играта ?

Strumjanin : Мене играва ми е големо задоволство. Единствено што ми пречи е тоа што немам довреба во администраторите. Јас знам дека ова е бизнис и дека тие ќе направат се’ за да ги натераат луѓето да даваат РЛ пари, ама тоа треба да се прави со такт и етапно. Како и се’ друго во животот.
Што Има Ново:Што значи твојот знак како и натписот ?

Strumjanin : Лавот го одбрав за мој симбол во играва. Името на мојот весник е на старо словенски јазик и значи Писма од Струмјанин.


Што Има Ново: Кој е нај добриот момент што си го имал на еРепаблик ?

Strumjanin : Почнав да создавам пријателства и тоа многу ми значи. Нема еден единствен момент за да истакнам, но неколку пати сум се смеел до солзи зезајќи се со дечкиве. Тоа се моите вредни моменти.
Што Има Ново: Очекувано беше да се кандидираш за претседател,но потребна е храброст да се кандидираш во овие турбулентни времиња ,дали ќе се придружуваш до програмата која ја понуди и покрај се ?

Strumjanin : еМакедонија ќе ја превземам во тешка сотојба и сум свесен за тоа. Од друга страна, гледам дека кон мене се упатени високи очекувања. Тоа и ми годи, но и ми ја зголемува одговорноста. Јас ќе се придржувам до програмата колку што е можно повеќе, но нема да се фатам за неа како пијан за плот. Времињава се баш турбулентни – ние мора да се адаптираме. Тоа бара флексибилност.
Што Има Ново:Што мислиш за конкурецнијата ?

Strumjanin : Јас не го признавам тој збор ниту во реалноста, ниту тука. Сите мои натпревари се со самиот себе и со моите лични ограничувања. Луѓето не се еден пола кило, а друг две кила, па да ги ставиме на кантар и да ги мериме. Секој е посебен и свој, и оттука нема место за конкуренција. Инаку, не сакам конфронтации и не влегувам со вербални конфликти со никого. Принцип.
Што Има Ново: Какви се реакциите и дали имаш подршка од еМакедонците?

Strumjanin : Мене ми причинува големо задоволство тоа што добивам голема подржка. Ќе се потрудам да го оправдам тоа.
Што Има Ново: Како и во реалниот живот така и тука ,ние Македонците сме поделени,и до сега од лично искуство(да не земам за примери)админите ми имаат избришано повеќе статии кој не предизвикуваат никаков револт и сум казнет со бодови, а за тоа имам информации дека репортирале Македонци,имате ли решение како да се обединиме и да не си предизвикуваме штета сами на себе ?

Strumjanin : Секој од нас придонесува за атмосферата во играта. Мојата порака до сите е – не бидете брзи на зборови, ниту тука а уште помалку во реалноста. Знам дека сме емотивно поврзани во играта и реагираме бурно ако не се согласуваме со нешто. Но за сите е подобро ако си укажеме на грешките човечки без да се навредуваме. Само тоа, ништо друго – без навреди и се ќе биде во ред.
Што Има Ново:И јас како вас скоро четири месеци играм и до сега сретнав две девојки,што мислите зошто се малку застапени и дали како кандидат за претседател размислувате маркетингот кој го правите на интернет порталите да биде повеќе насочен кон женската популација ?

Strumjanin : Одма предлог до Иван.ака.Фрајдеј : Пријателе – ти си поврзан со сто интернет портали, дај најди некој контакт по тоа женските портали (еден куп ги има), бапни слики од неколку полуразголени мушкарци и порачај им на девојките: You wanna a piece of me ??!? Дојдете на еРепаблик – врие од тестостерон! 😛 И во еден ден ќе имаме бар 10 (попалени) еМакедонки...
Што Има Ново:Дали ќе превземеш акции да се вратат еМакедонците кој се иселија?

Strumjanin : За тоа ќе спроведеме акција, се надевам дека ќе иаме одзив од еМакедонските иселеници.

Што Има Ново:Дали си зависник од брендови ?

Strumjanin : Не баш...
Што Има Ново:Какви филмови гледаш и кој ти е омилен?

Strumjanin : Сци – Фи. Battle Star Galactica е нешто во што посебно уживав.
Што Има Ново: Што си во Хороскоп?

Strumjanin : Девица.
Што Има Ново: Кое е твоето хоби ?

Strumjanin : Од кога почнав со играта – баталив се друго, па така сега немам хоби.
Што Има Ново: Која ти е омилена боја ?

Strumjanin : Бела.
Што Има Ново: Како би си се опишал себеси?

Strumjanin : Оффф.. ова нема да можам да ти го одговорам.
Што Има Ново: Имаш ли слободно време и како го користиш?

Strumjanin : Залепен на монитор – ете како! Се оставив на играва.
Што Има Ново: Која е твојата порака до еМакедонците?

Strumjanin : Македонци – само сложно! Игнорирајте ги сите будали наоколу и ич да не ви чуе кој што напишал по весници или коментари. Тука сме за да си ја направиме интересна и да има забава. Не заборавајте – ова е ИГРА! (ова и самиот треба да се потсетувам почесто)
Што Има Ново: Го читаш ШТО ИМА НОВО ?

Strumjanin : Пријателе, во еден саат излегуваат од 7 – 10 нови статии! За жал , морам да признаам дека многу вредни работи пропуштам заради тоа. Отсега ќе го читам!

Што Има Ново: Благодарам што одвои од времето и се надевам дека следното интервју ќе биде со претседателот Strumjanin .